Сочна пита со боровинки
Оваа крцкава, а истовремено сочна пита од боровинки ќе стане вашиот омилен десерт
Потребни состојки (за кората):
- 70 грама повеќенаменско брашно
- 15 грама кафеав шеќер
- 2 лажици бел шеќер
- 1/4 лажица цимет
- Прстофат сол
- 60 грама растопен маргарин
Потребни состојки (за бисквитот):
- 210 грама повеќенаменско брашно
- 1,5 кесичка прашок за печиво
- 140 грама растопен маргарин
- 130 грама шеќер
- 1/2 лажичка сол
- Рендана кора од половина лимон
- 1,5 лажица екстракт од ванила
- 2 јајца
- 500 грама боровинки
Начин на подготовка:
Со миксер изматете ги брашното, кафеавиот шеќер, солта и циметот. Потоа додајте го растопениот маргарин и матете додека не добиете хомогена смеса. Тестото за кората тргнете го настрана.
Загрејте ја рерната на 180 степени. На калапот за пита нанесете брашно. Измешајте ги брашното и прашокот за печиво и тргнете ги настрана.
Со миксер изматете ги маргаринот, шеќерот, солта и изренданата кора. Додајте и екстракт од ванила и продолжете со матење. На смесата додајте ги и јајцата, едно по едно. Намалете ја брзината на миксерот и постепено додавајте го брашното. Матете додека не добиете хомогена смеса. Потоа со лажица додавајте ги и боровинките и мешајте.
Тестото за бисквит ставете го во калапот, а преку него развлечете го тестото за кора. Печете околу 50 минути.
Пред послужување, на секое парче пита ставете топка сладолед од ванила.
Пробајте ја и оваа неверојатно вкусна пита со јаболка и шумско овошје.