Со правилна исхрана до чиста кожа: 4 златни совети кои ќе ви обезбедат беспрекорно лице!

Со правилна исхрана до чиста кожа: 4 златни совети кои ќе ви обезбедат беспрекорно лице!

Постојат неколку нешта што предизвикуваат акни и за да се ослободите од нив не ви се потребни нити скапи креми, нити лекови или долги диети. Сѐ што ви е потребно е да се храните поздраво. Така ќе добиете поздрава, поубава, поблескава и почиста кожа.

0-so-pravilna-ishrana-do-chista-kozha-4-zlatni-soveti-koi-kje-vi-obezbedat-chisto-lice-kafepauza.mk

1. Одморете од храна која го воспалува стомакот

Направете пауза од шеќер, млечни производи, пченка и соја. Барем за кратко. Добра идеја е и да намалите со кофеинот и алкохолот. Ова е типична анти-акни диета, но ако се придржувате до неа ќе почувствувате разни бенефиции, меѓу кои и подобрување на општото здравје. Откако ќе се чувствувате подобро можете повторно да ја јадете ваквата храна, но умерено.

2. Пробајте елиминациска диета

Ако мислите дека имате проблем со чувствителност на некоја храна, тогаш елиминациската диета е одличен начин да го откриете тоа. За да направите елиминациска диета треба во период од една недела да се ослободите од сѐ што мислите дека би можело да ви предизвикува акни, проблеми со варењето или чувство на умор после јадење и потоа да ги враќате назад во исхраната, по една група или едно јадење на ден и да забележите дали таа храна или тоа јадење ви предизвикувало проблеми.

1-so-pravilna-ishrana-do-chista-kozha-4-zlatni-soveti-koi-kje-vi-obezbedat-chisto-lice-kafepauza.mk

Ако откриете дека имате проблем со одредена храна или група производи тогаш можеби подобро е да не го внесувате тоа подолго време (или засекогаш). Вашата кожа и вашиот стомак ќе ви бидат благодарни.

3. Јадете храна која лекува

За време на паузата од храна која го воспалува стомакот или за време на елиминациската диета, исто така би било добро да вметнете храна која лекува. Тука спаѓа ферментираната храна како кефир и расол. Кокосовата вода е исто така добра идеја, а и супата од коски која содржи Л-глутамин – состојка која помага во дигестијата. Исто така можете да вметнете и пробиотици како додатоци во исхраната.

4. Одморете се

Многу е важно да бидете одморени и со ниски нивоа на стрес за да бидете здрави. Не само тоа, стресот може да влијае врз дигестивниот систем и тој да ги предизвикува сите проблеми. Затоа, фокусирајте се на релаксација, дишете длабоко пред да почнете да јадете и џвакајте ја храната. Најдете време за малечки паузи во вашиот распоред и редовно одморајте се.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар