Смуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светот

Смуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светот

Потребна е само една состојка за да го претворите вашето здодевно утринско смуди во нешто возбудливо и ново. Станува збор за чиа семки! Но, не дозволувајте нивната големина да ве залаже, бидејќи тие спаѓаат во категоријата суперхрана, поради хранливите состојки кои ги содржат. Всушност, тие се еден од најздравите избори за вашето срце.

Смуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светот

Можеби веќе го знаете ова, но за секој случај, да повториме што точно се случува кога користите чиа семки на овој начин. Кога ги мешате овие семки со течност, и ги оставате да отстојат на кратко, тие стануваат како желатин и ја претвораат течноста во пудинг. Токму овој трик е еден од супермоќите на оваа суперхрана, бидејќи ви помага побрзо и подолго да се почувствувате сити.

Смуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светот

Но, наместо само да ги фрлите семките во вашиот утрински микс, треба да им овозможите малку време да се прошират во фрижидерот. Ова може да биде направено преку ноќ или пак, наутро ако не сте во брзање. Откако ќе го комбинирате омиленото смуди со чиа семки, подгответе се за вкусна трансформација, бидејќи вашиот појадок ќе се претвори во десерт.

Смуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светот

Во продолжение ви оставаме и еден смуди рецепт, претворен во пудинг со чиа семки, но вие самите можете да одберете кое овошје ќе го користите при процесот.

Смуди со авокадо и семки од чиа

Смуди пудинг: Новиот тренд за појадок кој го освои светот

Потребни состојки:
  • 1/2 авокадо
  • Една рака смрзнат ананас, исечкан на парчиња
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица млеко од кокос
  • Неколку лажици чиа семки (одберете ја густината според ваш вкус)
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, освен чиа семките и добро изматете. Сипете во длабок сад, додајте ги чиа семките и оставете го смудито во фрижидер да отстои. Смесата треба да добие густина како пудинг и потоа е подготвена за јадење. Пријатен појадок!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар