Слатко есенско задоволство: Рецепт за чизкејк со костени

Слатко есенско задоволство: Рецепт за чизкејк со костени

Не пропуштајте го нашиот рецепт за чизкејк со костени кое сигурно ќе стане вашиот омилен есенски рецепт!

Слатко есенско задоволство: Рецепт за чизкејк со костени

Потребни состојки за кората:

  • 250 грама бисквити
  • 50 грама омекнат путер
  • 1 лажица пире од костени

Потребни состојки за филот:

  • 500 грама крем сирење
  • 125 грама шеќер
  • 3 големи јајца
  • 3 жолчки
  • 175 милилитри кисела павлака
  • 1 лажичка сок од лимон или лимета
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици рум
  • 350 грама засладено пире од костени

Потребни состојки за сирупот:

  • 80 милилитри вода
  • 60 милилитри рум
  • 1 лажица пире од костен
  • 15 грама путер

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови и загрејте вода која ќе ја искористите при печење.

2. Измешајте ги мелените бисквити, омекнатиот путер и пирето. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа префрлете ја во калап за печење (со рабови што се вадат) и ставете го калапот да отстои во фрижидер додека во меѓувреме го приготвувате филот.

3. Измешајте го крем сирењето и додадете го шеќерот. Постепено додавајте ги јајцата и мешајте додека не се соединат сите состојки. Додадете ја павлаката, сокот од лимон, екстрактот од ванила и румот и повторно измешајте. Додадете го и пирето од костени.

4. Ставете го калапот врз парче фолија и убаво притиснете ја фолијата на рабовите.

5. Истурете ја смесата со костени во калапот, а калапот префрлете го во сад за печење. Истурете загреана вода до половина од калапот во кој се наоѓа колачот.

6. Печете околу 60 минути. Внимателно отворете ја рерната и извадете го калапот од плехот. Оставете го колачот да отстои преку ноќ во фрижидер и следниот ден отстранете го од калапот. Оставете го на собна температура пред послужување.

7. Можете да го декорирате со карамела, чоколадо или сируп. За сирупот доволно е да ги измешате водата, румот, путерот и пирето од костени и да ги загреете. Кога смесата ќе згусне и зоврие оставете ја настрана да се излади на собна температура, а потоа нанесете ја врз колачот. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за чизкејк со костени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за торта од палачинки и пире од костени.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар