Сингл девојките се посреќни за разлика од оние во токсична врска
Сингл девојките можеби немаат со кого да го прослават Денот на вљубените, но можат да испијат неколку чаши вино и со нивните најдобри пријателки. Тие знаат како да се забавуваат и без партнер бидејќи знаат дека романтичната љубов не е единствениот вид љубов. Нивните пријатели ги сакаат, нивните миленици ги сакаат, и најважно тие се сакаат самите себеси.
Во меѓувреме девојките во токсична врска или имаат партнер кој ќе го заборави Денот на вљубените, или имаат партнер кој ќе проба да се оправда за лошото однесување со скап подарок.
Сингл девојките можеби немаат фотографии со партнерот на социјалните мрежи, но имаат многу други опции. Можат да објавуваат фотографии со патувања со пријателите, од забави и од промоции. Тоа што се сингл не ги дефинира како личности. Тие имаат кариера, имаат хобија и имаат страсти.
Во меѓувреме девојките во токсична врска не можат да размислуваат за ништо друго освен за врската. Ги губат пријателите бидејќи момчето ги контролира. Ја губат страста бидејќи момчето им ја зема целата енергија. Се лажат дека тоа е љубов, кога всушност тоа воопшто не е во ред.
Сингл девојките спијат сами навечер, но целиот кревет е нивен. Имаат време да се релаксираат и да размислуваат. Можат да заспијат со омилениот филм, омилената песна или допишувајќи се со најдобриот пријател.
На девојките во токсични врски заспивањето не им оди лесно. Одново ги доживуваат расправиите од денот. Се превртуваат во креветот додека размислуваат дали треба да останат. Се прашуваат што ќе им донесе утре – дали партнерот ќе биде добро расположен или повторно ќе направи да се чувствуваат ужасно.
Девојките во врска не се секогаш среќни. Сингл девојките не се секогаш несреќни. Романтичниот партнер не е поврзан со расположението. Постојат сингл девојки кои секој ден го живеат до максимум, а постојат девојки во врска кои едвај ги преживуваат деновите.
Иако е тешко да напуштите некого што го сакате, немојте да бидете девојката во токсична врска. Не прифаќајте помалку од тоа што го заслужувате. Ако сте несреќни во врската, вие заслужувате да бидете среќна сингл девојка.
Погледнете и која е предноста на сингл девојките што многумина ја забораваат.