Симптоми на труење со негативна енергија (и како да се излечите!)

Симптоми на труење со негативна енергија (и како да се излечите!)

Дали некогаш сте се почувствувале како темен облак да ви го скрил сонцето во вашиот живот? Дали понекогаш ви е тешко да се ослободите од негативните емоции? Сите ние сме минале низ ваков период во својот живот, и понекогаш сè што ни е потребно е мала помош за да се вратиме на сопствениот пат.

Во продолжение следуваат знаците дека негативна енергија го блокира светлото во вашиот живот, како и начините на кој можете да си помогнете да се извлечете од сенката…

  • Повеќето луѓе ве нервираат или ве вознемируваат
  • Повлечени сте
  • Не се гледате со луѓето што ги сакате
  • Доживувате непријатни ситуации
  • Вашата куќа изгледа темно и постојано е неуредна
  • Чувствувате дека другите не ве ценат доволно
  • Се чувствувате уморно и тажно

Доколку чувствувате барем еден од овие симптоми, тоа е знак дека сте обвиени со негативна енергија. Во колку повеќе точки се најдовте, толку е подебел нејзиниот слој. Но, не грижете се. Со помош на следниве совети можете брзо и едноставно да си помогнете.

1. Средете го вашиот животен простор

Дали сте знаеле дека просторот во кој минувате најмногу време ја одразува и вашата внатрешност? Со други зборови, ако вашите домови, спални соби, автомобили и работни простори се неуредни и хаотични, тогаш нема сомнеж дека со вас владее негативна енергија. Колку повеќе време поминувате во ваква околина, толку полошо се чувствувате.

Од друга страна пак, кога просторијата е уредна, чиста, топла, светла и пространа, едноставно нема да можете да не се чувствувате сигурно и задоволно. Токму затоа и средувањето на вашиот животен простор е еден од најдобрите начини да си го средите и животот и да се ослободите од негативната енергија.

2. Поминувајте повеќе време со луѓето што ве прават среќни

Сите луѓе имаат свое „енергетско поле“ што можете да го почувствувате во истиот момент кога сте во нивна близина. Доколку сакате да го ослободите својот живот од негативната енергија, важно е да минувате што повеќе време со позитивни луѓе, а да ги избегнувате оние што ве полнат со непријатности, грижи и други лоши чувства.

3. Научете да се ослободите од негативните емоции

Негативната енергија се храни со негативните емоции. Сосема е во ред ако одвреме-навреме се чувствувате тажно, луто или фрустрирано. Но, проблемот настанува кога не се обидувате да се справите со овие емоции па тие почнуваат да гнијат во вас, правејќи ви го секој ден полош од претходниот.

За да се справите со овој проблем, најпрво мора да научите како да ги прифатите своите емоции во целост, без разлика колку лошо ви делуваат, а потоа чекор по чекор, да најдете начин како да се соочите со нив и да ги надминете. Па, наместо да им дозволите да ви го контролираат животот, станете господар над својот ум и научете се како да реагирате во негативните ситуации.

Прочитајте и како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар