Силни жени и мажи-кукавици

Силни жени и мажи-кукавици

Имам жална вест за вас: Синдромот на балкански алфа мажјак не е во изумирање туку е сè почест, многу ми е жал, навистина! Си мислиш дека би требало да биде поинаку, ама не е. Од една страна ретко која жена знае вистински да се избори за рамноправност, иако во денешно време навистина ги имаме правата кои жените во минатото не ги уживале, но од друга страна, кога директно ќе се соочиш со човек кој го има овој синдром, едноставно губиш надеж за човештвото…

Сите ние во фамилија си имаме барем еден чичко, вујко или познајник, кој не пропушта ни една прилика за да нагласи дека со право Бог прво го создал мажот, си мислиш човеков е многу религиозен, не бе луѓе, тој само цитира извадоци кои му одат во прилог. Порано дебатирав на вакви теми и искрено бев мошне успешна, но кренав раце, па која е целта да му го докажуваш спротивното од она што тој си го зацртал како единствено животно мото? Во ред, ако тоа го прави да се чувствува подобро за самиот себе.Силни жени и мажи – кукавициСамите си се правиме зависни од мажите, не целиме кон наша самостојност, му се покоруваме на тој глупав синдром на алфа мажјак и тераме по глупавата филозофија дека некој нас треба да нè издржува. А јас многу добро ја знам филозофијата на т.н. алфа мажјаци. Не се тие толкави мажи за да се спротивстават на вистинските предизвици во животот, тие знаат да кренат раце на својата жена. Не се тие толку успешни и со некој посебен авторитет на работното место, па комплексите си ги лечат со понижувањето на нивните жени. Демек нигде не сум вистински газда, ама дома ќе бидам глава на семејството.

Имало времиња кога жената немала можност гласно да го искаже своето мислење, но сега кога ние можеме, зошто не го правиме тоа? Сè ќе се смени кога искрениот одговор на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“ нема да биде „Домаќинка“! Не мислам дека е грев да имаш деца и да си посветена на семејството, но грев е тоа да ти биде единствена преокупација кога можеш да бидеш многу повеќе. Да не заборавиме дека и во нашето општество постојат супер жени! Оние со одлична кариера, семејство кое го држат под контрола, тие се пријателки кои се секогаш тука за тебе и плус се запишале на факултет после 40-та година од животот бидејќи сега можат да си го дозволат и учат со задоволство. Тие жени се како инстант кафе 5 во 1, кое сè уште не е измислено, барем јас не сум чула. Знам, зашто во нив спаѓа и мајка ми, затоа никој никогаш нема да може да ме убеди дека е невозможно да најдеш баланс меѓу кариера и семејство.

Мажите се кукавици, не се жените. Не сме ние плашливки и плачки, ние сме супериорни во мултитаскинг, болките кои жените ги поминуваат во животот за мажите би биле неиздржливи. Да не го забораваме ова и секогаш да се стремиме кон тоа да ги промениме работите на подобро. Мажите и жените се различни, и тоа е нормално, секој човек си е различен. Но жената не смее да биде потценета или обесправена само затоа што е жена.

Факт е дека мажите се плашат од силни жени! Од жени кои се стремат кон рамноправност, кои се независни и храбри, бидејќи со овие жени тие нема да можат да си го хранат своето его доживувајќи ги нив како кревки суштества. Доколку не може да се носи со успешноста и независноста на една жена, дали тоа го прави припадник на ПОСИЛНИОТ пол или кукавица? Општеството ни е преполно со балкански алфа мажјаци кои во суштина се огромни кукавици. Вистинскиот маж не се истакнува себеси со понижување на жената!

Жената на 21-от век треба да е силна, борбена, со изострено сетило за планирање на кариера и правење пари, со огромна креативност и многу амбиции за иднината. Жалосно е што во денешно време огромен е бројот на младите девојки чија примарна цел е да си најдат ситуиран и богат човек, девојки кои одат на факултет со цел да се мажат!

Не сме ние слаби, предрасудите дека жените се припаднички на ПОСЛАБИОТ пол останале од минатото кога жената била третирана како роб на мажот. Жените се хероини и време е да почнат да се претставуваат како такви, а не како жртви!

Со голема желба дека нашата генерација е носител на промени…

До следното читање,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. july Reply

    Си ги прочитав сопствените мисли и ставови вo текстов. Мило ми е што знам дека не сум единтсвена. Можеби имам и нешто да додадам, што секако начнува друга тема: Работите би се промениле и доколку родителите прекинат да ги воспитуваат машките деца со допуштања од типот “ајде машко е“.

  2. Maja Reply

    Za zal, na poveketo denesni mladi devojki, seuste poveke im znaci da najdat bogat maz, koj potoa so niv ke se izzivuva, otkolku da se omazat… do ljubov… i tie da pridonesuvaat vo bugjetot.
    A sto e uste pozalosno… ostatokot od mladi devojki, koi se izborija za polova ramnopravnost, otidoa vo druga krajnost: zarabotuvaat tolku pari, da si gi kupuvaat mazite.
    Ako nisto, i mazite i zenite se izborija za ramnopravnost vo zborot: sponzorus-a!

  3. Meow Reply

    Секоја чест за статијава! 😀 Упорно го зборам ова горе наведеното и сите упорно ме прават будала! Доволно е само малку да спомнеш за рамноправноста и синдромот на алфа мажјак типичен одговор е „Ај не филозофирај!“
    Како што кажа, сите се плашат од вистината и сеуште си „мачкаат очи“ со наивни девојки.
    Но единствено нешто што ми е најмногу жал е кога жените сами го оправдуваат таквото однесување и ги подржуваат сите оние песни, филмови, шеги каде што се омаловажувани. Толку се потчинети што сметаат дека е нормално да бидат омаловажувани и третирани како мета на малтретирање. Ех…

  4. Маци Reply

    Мислам дека прашањето е подлабоко. Има врска со природата на жената и мажот. Тие мораат меѓусебно да се надополнуваат. Еволуцијата го нарушува балансот на природата па добиваме мажи сељаци, мажи насилници, мажи прељубници, мажи бисексуалци, транвестити, педери, пијаници, наркомани, самоволието е вредност како и парите, имаме такво нешто слично и кај жените и така негативизмот меѓусебно се одбива и избива на различен начин.И веќе не се надополнуваат. Алфа мажјакот е само категорија….Општо незадоволство.Среќа имаме што педовилијата и инцесот го категоризираме како болест и сеуште е под регулација на институциите. Пошто се друго веќе го препишуваат на љубовта. Ќе ми простите за “францускиот” не е битно како ќе го пренесам туку како и дали ќе се разбереме. Многу е тешко да се оддржи едно здраво семејство во едно нездраво општество(како поголемо семејство).

  5. Елена Reply

    Потполно се согласува со напишаната статија, но до кога вака до кога жената ќе биде понижувана и потцента ? Се додена ние самите жени ги воспитуваме нашите идни деца да се однесуваат така , сметам дека треба жените мајки кои имаат син и ќерка треба подеднакво да ги третираат , а не ти ќе му го наместеш креветот на брат ти , брат ти не може да ја постави масата , зошто ? Бидејќи бил машко. Точно е и тоа дека многу девојки, исклучиво од помалите градови доаѓаат на факултет во поголемите градови за да си најдат некој богат маж кој ќе ги задоволува нивните материјални потреби , без разлика на тоа дали тој ќе ја малтретира , понижува , најбитно е дека се “омажила” дека створила некакво семејство, во кое повторно ќе се случи истата приказна. Затоа сега кога ги имаме нашите право со Закон и Устав мислам дека треба да се залагаме за нашите права, да не дозволуваме да постои полова дискриминација и жената да биде обесправена. Уште еднаш да пофалам одлична колумна која треба да ја прочитаат сите жени.

  6. Весна Reply

    Жената ќе биде потценувана и понижувана дека е жена се додека дозволува да биде , а тоа е најтешкото нешто што може да уништи живот,иднина, среќа на една мајка, една сестра , една ќерка. Да ги кренеме главите и достоинствено да зачекориме низ животот , рамноправно до мажите. Секоја чест на исклучоците во машки род кој знаат да почитуваат жена. Браво Ели за убавата колумна ! Поздрав

Остави коментар