Што зборуваат гасовите за вашиот организам?

Што зборуваат гасовите за вашиот организам?

Гасовите се непријатна, сепак нормална појава која не може да се избегне, но од неа може да се добијат некои информации поврзани со сопственото здравје.

Што зборуваат гасовите за вашиот организам?

Нарушување на бројот на бактериите

Бактериите предизвикуваат ферментација, односно разградување на храната која сме ја изеле. Разградувањето започнува во желудникот и продолжува во цревата, но понекогаш трае предолго и затоа се ослободуваат гасови. Причината за тоа може да биде вирус, но и тешка храна.

Тешка храна и газирани пијалаци

Тешката храна, која најчесто е мрсна, многу тешко се вари и затоа останува подолго во цревата. Ако со неа консумирате и газирани пијалаци тогаш тој процес е уште потежок и побавен и секогаш завршува со создавање големи количини гасови. Тоа е знак дека организмот не ја сака таа храна и треба да ја одбегнувате.

Јадете брзо

Кога јадете брзо заедно со храната во желудникот внесувате и воздух кој предизвикува подуеност. Тој воздух подоцна излегува во форма на гас или со ждригање.

Нетолеранција на храна

Зголемената количина на гасови може да значи и дека не сте толерантни на храната која поминува низ вашите црева. На пример, со тек на време телото може помалку да ја толерира лактозата и поради тоа ќе создава гасови при варењето на млекото и млечните производи.

Нередовни празнења

Потребно е остатоците од храната кои не се потребни секојдневно да се исфрлаат од телото. Ако тие останат предолго во вашите црева, бактериите ќе си го направат своето и ќе предизвикаат создавање на гасови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар