Што зборува за вас вашиот стил на облекување?

Што зборува за вас вашиот стил на облекување?

Ако мислите дека облеката ја избирате според вашиот личен вкус и дека не открива баш многу за вас како личност… Тогаш, многу се лажете! Сепак, вашиот вкус претставува дел од вас и сосема е логично да открива нешто за вашиот карактер на оние кои не ве познаваат. Секако дека облеката е вистинскиот пример за тоа, па побрзајте да дознаете што зборува вашиот стил на облекување.

0-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

1. Класичен стил

Класичниот стил изразува скромност, елеганција и софистицираност на еден безвремен начин. Бели кошули, мантили, класични салонки и здолништата молив се задолжително парче во вашиот гардеробер. Освен тоа, вие сакате и класични дизајни како што се точките и пругите, како и неутралните, нежни бои. Доколку го сакате класичниот стил, вие сте паметни, помалку срамежливи, но и доста елегантни. Најважни ви се стабилноста и сигурноста и затоа со задоволство избирате дневни парчиња кои се секогаш во мода.

2-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

2. Винтиџ стил

Иако овој стил подразбира облекување кое вклучува дневни парчиња стари и по 20-30 години, тој е секогаш модерен и популарен, а освен тоа и впечатлив и поетски. Овој стил е како виното – колку се парчињата облека постари, толку подобро создаваат убав, едноставен дизајн и совршен квалитет. Вие сакате сè што е винтиџ, започнувајќи од фустани и здолништа, па сè до чевли и накит кои даваат посебна магија на вашите комбинации. Помалку сте сентиментални, нежни и единствени во вашето модно изразување.

3-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

3. Бохо стил

Овој стил се одликува со егзотични детали, дезени и кроеви. Во вашиот гардеробер задолжителни се широки фармерки, антилоп и кожни чизми, јакни и кошули со реси, интересни дизајни и бои. Вие сте безгрижни, помалку диви и независни, не сакате да ги следите трендовите, туку самите да ги создавате онака како што вие мислите и чувствувате.

4-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

4. Гранџ стил

Овој стил се одликува со „третирани“ фармерки, кожни детали, војнички чизми, корсети, многу накит, најчесто во вид на ланци. Доколку го сакате овој стил, вие сакате да бидете единствени, посебни, поразлични, но покажувате и дека сте силни, упорни и храбри.

5-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

5. Рок стил

Овој стил е доста близок со претходниот, бидејќи токму гранџот претставува една негова варијанта. Од друга страна пак, рок стилот може да оди и на друга страна и да биде сосема гламурозен. Секако, тој се одликува со искинати фармерки, кожни детали, блузи со интересни „графит“ дизајни, марами… Доколку се облекувате на ваков начин, покажувате дека сте слободни и диви и дека не се плашите од ништо.

6-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

6. Минималистички

Минималистичкиот стил овозможува да изгледаме доста добро со доста малку труд. Слично како и кај класичниот стил и во овој стил доминираат јасни, прецизни линии, сведени бои и елеганција. Доколку го обожавате минимализмот, откривате дека сте елегантни, отмени и дека сте вистинска дама со стил која ја цени едноставноста.

7-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

7. Уметнички стил

Сето она што е оригинално, уникатно и несекојдневно заслужува да се најде во вашиот гардеробер. Бидејќи токму и вие сте такви: Креативни, единствени и неповторливи!

8-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

8. Кежуал стил

Опуштен и удобен, стил во кој секогаш ќе се чувствувате пријатно. Во вашиот гардеробер мора да се пронајдат парчиња од тексас, шорцеви, блузи, но и удобни обувки како што се патиките. Вие сте едноставни и ниту малку комплицирани, а удобноста и практичноста ви се чекор од софистицираноста.

9-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_

9. Романтичен стил

Пастелни бои, а особено розовата, чипка, тул и цветните дезени го карактеризираат овој стил, а вас ве прават женствени, нежни, слатки, но и тоа како модерни.

10-vreme-e-da-doznaete-shto-zboruva-za-vas-vashiot-stil-na-oblekuvanje-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар