Што треба да знаете пред да почнете врска со девојка што била оставена?

Што треба да знаете пред да почнете врска со девојка што била оставена?

Таа е грижлива, внимателна и полна со љубов, но понекогаш сомнежите и двоумењата предизвикани од претходната токсична врска можат да ѝ се мешаат во сегашната и полека да ѝ ја уништуваат шансата за вистинска среќа. За да ѝ помогнете да се опушти, како и да ја стекнете нејзината доверба, мора да внимавате на следниве 7 однесувања…

shto-treba-da-znaete-pred-da-pochnete-vrska-so-devojka-shto-bila-ostavena-www.kafepauza.mk

1. Таа на почетокот нема да ви верува

Што и да направите, таа ќе се движи со сомнеж. Но не грижете се, овој пат навистина не е до вас – до неа е. Таа минала низ многу тежок период и уште стои со едната нога во минатото. Ова ја прави скептична за иднината и песимист.

2. Ќе ѝ треба време за да се отвори

На почетокот, вие ќе имате пристап само до нејзината површина. Па така ќе дознаете каде одела на факултет, како се забавува и што во моментов ѝ е потребно од една врска. Таа нема да навлегува во детали за детството, за родителите ниту пак за нејзините најголеми стравови.

3. Научена е на токсични врски, па затоа очекувајте сомнежи

Таа може да мисли дека сте премногу добри да бидете вистинити бидејќи не е научена некој да се однесува кон неа со почит. Тоа е нешто на што ќе мора да се навикне со тек на време, но по пат очекувајте реакции што може да укажуваат дека не ви верува.

4. Таа ќе се чувствува непријатно ако премногу брзате

Не би сакала да ја запознаете со родителите по само неколку состаноци. Во моментов потребно ѝ е време да се погрижи дека нема да направи уште грешка во љубовта. Движете се бавно и дозволете ѝ убаво да ги обработи сите настани меѓу вас.

5. Таа нема да реагира на типична романса

Букет цвеќиња, срцести чоколади, светкав прстен… сите овие нешта можат да ѝ предизвикаат насмевка, но ништо повеќе. Ако навистина сакате да ја воодушевите, тогаш одржувајте ги ветувањата, останете покрај неа низ сито и решето и покажете ѝ ја љубовта преку ситни дела, наместо големи подароци.

6. Таа можеби нема да сака брак и деца

Но тоа не значи дека не сака сериозна врска со вас. Таа верува дека двајца можат да се сакаат дури и без парче хартија со потпис или семе во нивниот стомак.

7. Кога ќе помислите дека се подобрила, таа ќе има момент на несигурност

Ова е само затоа што таа е навикната нештата да пукаат кога неа ѝ изгледаат најсовршено. Но не грижете се. Откако ќе преспие и ќе се разбуди покрај вас, сфаќајќи дека не сте ја напуштиле во текот на вечерта, таа повторно ќе се врати на себе.

Прочитајте ја и оваа исповед на една оставена девојка: Кога момчето ќе го забрани секси облекувањето…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар