Што треба да добиваме од љубовната врска без да побараме?
Навистина е страшно тоа што во модерните љубовни врски мора да бараме од партнерот да нѐ почитува. Не би требало да ги молиме нашите партнери за тоа, но за жал денес токму тоа се случува. Ова се неколкуте работи кои секој човек ги посакува од врската, а кои не би требало да ги побара за да ги добие…
Партнер кој ќе нѐ почитува
Под ова се подразбира партнер кој не се однесува насилно со нас, не нѐ навредува, не се шегува на наша сметка и не нѐ третира како нешто минливо. Проблемот е што мораме да бараме од луѓето да се однесуваат кон нас со почит поголемиот дел од времето. И на крајот пак се соочуваме со некултурно извисување, навреди и непочитување.
Партнер кој ќе нѐ смета за рамноправен член во врската
Со други зборови не би сакале да бидеме единствените кои ги завршуваат сите домашни обврски и се грижат за финансиите. Фактот што толку многу жени мораат да им досадуваат на нивните партнери да го средуваат нередот што го оставаат зад себе е навистина тажен.
Партнер кој ќе го цени тоа што го правиме
Не би требало никогаш да го побараме ова. Меѓутоа, поголемиот дел од мажите и жените не го ценат трудот што го вложува нивниот партнер и го земаат здраво за готово.
Бараме врзување
Многу млади луѓе едноставно не се подготвени или не сакаат да се врзат. Сакаат да поминат што е можно повеќе партнери и да искусат што е можно повеќе работи, пред да се врзат во сериозна врска. Ова е неверојатно честа појава и луѓето кои посакуваат стабилен партнер се навистина ретки.
Партнер кој ќе нѐ посакува
Романтичните врски не се воопшто романтични без секс. Не би требало да бараме од нашите партнери да нѐ посакуваат на сексуален начин.
Партнер кој ќе ни дава внимание
Постојат многу луѓе кои буквално мораат да го молат партнерот за малку внимание. Нормално, дека не треба секоја секунда од денот да ја поминувате заедно, но една обична порака за „Добра ноќ“ би требало да биде секојдневен дел од секоја врска.
Партнер кој ќе биде тука за нас и во добро и во лошо
Порано луѓето биле тука еден за друг. Денес, многумина исчезнуваат истата секунда кога нештата тргнуваат наопаку. Каде е лојалноста и верноста? Тоа се основните работи кои би требало да ги очекуваме од секој меѓучовечки однос.
Партнер кој е финансиски стабилен
Ова не е толку важно како останатите работи, но финансиската стабилност може да спречи многу потенцијални проблеми во врската. Не мора да излегувате со милионер, но важно е да располагате со горе-долу истите финансиски средства.
Партнер кој е психички стабилен
Младите луѓе денес воопшто не се ниту психички, ниту емоционално стабилни. Лошата вест е што тоа го дознаваме дури по некое време, кога веќе сме ја изгубиле главата по нестабилната личност и веќе е предоцна. Најголем виновник за оваа појава е модерното општество и изместените морални вредности кои тоа ги наметнува.
Партнер кој не е површен
Многу луѓе веднаш се залетуваат по физичкиот изглед и сите други недостатоци ги игнорираат. Општеството не тренира така што првото нешто што го забележуваме кај луѓето е нивниот изглед. Многу често забораваме дека еден човек не го сочинуваат само неговите надворешни карактеристики.
Партнер кој нема да нѐ повреди
Под ова се подразбира дека партнерот нема да ни нанесе болка ниту на емоционално ниту на физичко ниво. Зарем е премногу да се бара ова?