Што треба, а што не треба да правите за вашата матурска вечер?

Што треба, а што не треба да правите за вашата матурска вечер?

Матуранти, сигурно веќе ги одбројувате деновите до вашата матурска вечер. Фустанот, чевлите и чантата ви се спремни, па сè што ви преостанува е шминката и да блеснете во најдобро светло. За да го постигнете тоа, погледнете ги овие совети со чијашто помош ќе изгледате прекрасно на вашата матурска вечер.

1. Задржете го вашиот стил

Бидете она што сте. Не претерувајте и не се оддалечувајте од вашата удобна зона. Исто така е важно да останете соодветни на вашата возраст. Вие имате 18, а не 28 години! Не обидувајте се да изгледате премногу возрасни.

2. Нема потреба да посетувате солариум

Наместо тоа, спрејот за изедначување на вашиот тен може да биде подобра идеја. Но, запаметете дека секогаш можете да изгледате прекрасно и со вашиот природен тен.

3. Не се оддалечувајте премногу од вашите рутински активности за разубавување

Експериментирањето со нови козметички производи неколку дена пред матурската вечер не звучи како добра идеја. Сега не е време да ја пробате новата крема, зашто сигурно не сакате да се појавите на матурската вечер со иритирана кожа.

4. Избегнувајте темен кармин

Темниот кармин бара поголема прецизност, па и неговото мало размачкување може да го уништи вашиот изглед. Наместо постојано да го поправате, изберете кармин во посветла боја и уживајте во вашата вечер.

5. Средете ги веѓите барем еден ден претходно

Веѓите се важен дел во вашиот изглед, а нема девојка што сака да се појави со несредени веѓи. Депилирајте ги веѓите најмалку 24 часа порано, со цел да се осигурите дека вашата кожа ќе има доволно време да се смири и да исчезне црвенилото.

6. Избегнувајте светкави лосиони за тело

Наместо тоа, нанесете обични лосиони коишто ќе ви го дадат потребниот сјај. Ова исто така важи и за сенките за очи. Нема потреба да нанесувате дополнителни светкави елементи, бидете свои и ќе останете прекрасни.

7. Избегнувајте храна којашто ќе ви предизвика подуеност

Да бидеме реални, не постои девојка којашто ќе сака да изгледа или да се чувствува подуено, особено не на нејзината матурска вечер. Затоа, држете се до храна којашто ја намалува подуеноста. Избегнувајте кафе, сол, вештачки засладувачи, брза храна или пак газирани пијалаци.

8. Направете маска за отстранување на маснотијата од вашето лицe

Знаеме дека масната кожа бара голема нега, а масното лице не изгледа добро ниту на фотографиите. Затоа, при вашите подготовки, не заборавајте ја и маската за отстранување на маснотијата од вашето лице.

9. Понесете со себе неколку неопходни предмети

За да останете прекрасни цела ноќ, понесете со себе неколку неопходни предмети, како што е карминот, дезодорансот, огледалото и слично.

10. Не претерувајте

Не претерувајте со надградбата на косата, трепките или пак, со шминката. Трудете се да останете што повеќе природни, бидејќи на тој начин ќе изгледате поубаво и на фотографиите.

За крај, запаметете дека е важно како се чувствувате вие. Бидете свои, бидејќи само така нема да погрешите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар