Што секоја жена треба да знае за својот партнер?

Што секоја жена треба да знае за својот партнер?

Секој маж е приказна за себе. Но, постојат работи кои можат да се прикажат како генерална слика за особините кои ги красат повеќето мажи. Ова се неколку особини на мажите кои можат да ви помогнат подобро да го разберете вашиот партнер.

Што секоја жена треба да знае за својот партнер?

Мажите својата љубов ја прикажуваат преку дела, а не преку зборови

Мажите не се директни во покажувањето љубов кон својата понежна половина, а и не знаат да читаат мисли. Кажете им отворено и јасно што посакувате, а кога нареден пат ќе направи нешто за вас, покажете му дека сте воодушевени.

Ценат моден совет

Иако не посветуваат големо внимание на тоа, секој маж цени ако му дадете некаков совет поврзан со неговиот стил на облекување. Но, тоа не значи дека треба да му ја промените целата гардероба, бидејќи така ќе му создадете чувство дека го губи својот личен идентитет и дека вам не ви се допаѓа како тој изгледа, па можете да го навредите.

Најдобро функционираат со кратки и јасни пораки

Иако понекогаш ви се чини дека ништо не ве слушаат, проблемот е во тоа што не сфаќаат што очекувате од нив. Наместо да одете во ширина, пробајте да бидете јасни и кратки во барањата и искажувањето на чувствата, со сигурност ќе ви биде подобро и на двајцата.

И мажите имаат свои несигурности

Можеби го мачи пивскиот стомак, ќелавењето или нешто трето, но во денешно време мажите се под голем притисок дека мораат да изгледаат добро. Затоа дадете му на знаење дека сè уште ве привлекува како и претходно.

Можат да извршуваат повеќе куќни обврски отколку што мислите

Истражувањата покажале дека жените го потценуваат времето кое мажите го посветуваат извршувајќи домашни обврски, а дека го преценуваат своето. Како и да е, доколку сакате да најдете некој баланс и работите да ги делите по пола, тогаш седнете и направете убав план. Одлучете точно кои обврски кому му припаѓаат.

Мажите сакаат натпреварувања

Доколку оваа потреба вашиот маж ја надоместува преку гледање и гласно навивање на спортски натпревари, не сфаќајте го тоа како нешто лошо. Истражувањата покажале дека ваквите работи ги опуштаат мажите и дека тие придонесуваат да бидат подобри во други полиња од врската.

Мажите слушаат селективно

Кога станува збор за конверзација, мажите и жените имаат различни интереси. Немојте да се навредите доколку тој не го запомнил најновиот трач за вашата колешка на работа, бидејќи едноставно мажите не ги интересираат таквите работи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар