Што секој татко ја учи својата ќерка за нејзиниот иден сопруг?

Што секој татко ја учи својата ќерка за нејзиниот иден сопруг?

Татковците внимаваат да бидат совршен пример за нивните ќерки. Секој добар и грижлив татко внимава да ги прикаже оние карактеристики за кои смета дека неговата ќерка треба да ги бара во нејзиниот иден партнер и сопруг. Еве на што најчесто ги учат татковците своите ќерки кога станува збор за љубовта.

Што секој татко ја учи својата ќерка за нејзиниот иден сопруг?

Заслужува некој кој, пред сè, ќе ја почитува

Исто како што нејзиниот татко ја почитувал и ја третирал како еднаква на него додека растела.

Заслужува некој кој верува во неа

Никогаш не смее да покаже дека се сомнева во нејзините соништа, цели и аспирации, и ќе продолжи да ја поттикнува и мотивира тогаш кога таа изгубила верба во себеси.

Заслужува некој кој ќе го цени нејзиното мислење

Кога има проблем или се соочува со потешкотија, треба да ѝ се обрати неа бидејќи ѝ верува и го вреднува нејзиното мислење.

Заслужува некој кому може да му верува

Довербата е клучна во заедничкиот живот. Тој треба да ѝ влева сè повеќе доверба и сигурност со секој нов ден.

Заслужува некој кој е посветен на семејството

И кој исто така ќе биде посветен на нивното семејство во иднина. Оној кој си игра со малите деца и го почитува зборот на своите родители.

Заслужува некој кој ќе биде искрен со неа, и добронамерно ќе ја критикува

Кој ќе ѝ мисли добро, исто како нејзиниот татко, и кој за нејзино добро ќе најде начин да ѝ даде критика и да ја наведе на подобриот пат.

Заслужува некој кој е паметен и вреден

Нејзиниот татко ѝ бил пример за тоа што значи да работиш напорно за да му обезбедиш благосостојба и сигурност на своето семејство. Токму таков треба да биде нејзиниот партнер.

Заслужува некој кој ќе признае кога греши

Секој прави грешки, и кога нејзиниот партнер или сопруг згрешил на кој било начин, треба да признае и да се извини, исто како што и таа треба да постапи кога ќе направи грешка.

Заслужува некој кој ќе ја вреднува, сака и заштитува

Нејзиниот татко од петни жили се потрудил да ја заштити од секое зло на земјата. Истата задача ја има нејзиниот иден сопруг. Таа не смее да се задоволи со ништо помалку од љубов и заштита.

Заслужува некој кој ќе знае да ја ислуша

Бидејќи, како и сите други, ќе има лош ден и период кога работите ќе тргнат по удолница. Заслужува некој кој ќе знае да седне покрај неа, да ја прегрне и внимателно да ја ислуша.

Заслужува некој кој знае да биде сериозен

Тој може да има добра смисла за хумор, да биде шегаџија, да знае да се забавува до зори, но кога животот ќе побара од него да ги сфати работите сериозно, тој мора да го направи тоа.

Заслужува некој кој ќе ја третира како кралица

Онака како што нејзиниот татко се однесувал кон нејзината мајка.

Заслужува некој кој знае да покаже емоции

Некој кој нема да си го негува своето скапоцено машко его, и ќе знае отворено да зборува за тоа како се чувствува. Некој кој ќе ги покаже своите емоции, како љубовта и нежноста што ги чувствува, и нема да се плаши што другите мислат за неговата нежност.

Заслужува некој кој нема потреба од неа само физички

Некој кој ќе ја сака и духовно ќе се поврзе со неа. Со него ќе се најдат на иста бранова должина, и таа ќе му биде многу повеќе од само физичко задоволство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар