Што се случува со вашето тело додека трчате?
Ако сте решиле да започнете со трчање за да ги почувствувате сите придобивки кои тоа ги нуди, тогаш неизбежно е да почувствувате одредени промени во вашето тело додека трчате. Доколку ви се случат некои од следните работи за време на 30-минутен тренинг, не плашете се, тоа е нормално и значи дека сте на вистинскиот пат.
Првите неколку секунди
Штом почнете да трчате вашето тело ќе почне да ја извлекува енергијата која сте ја добиле преку храната.
Првите 90 секунди
Во првите 90 секунди ќе го воспоставите темпото на трчање. Процесите во организмот што се одвиваат во овој период ќе резултираат со намалено количество на шеќер во крвта, а мускулите ќе почнат да ослободуваат млечна киселина. Тоа значи дека сте под физички стрес, што не е страшно затоа што тоа сигнализира дека сте почнале да трошите повеќе калории.
Следните неколку минути
За неколку минути срцето ќе почне да ви бие посилно и потешко ќе дишете. Температурата на телото ќе се покачи што ќе резултира со потење, а тоа е уште еден добар знак. Во овој период многу почетници добиваат желба да се откажат, но многу е важно тоа да не ви се случи и да ја задржите правилната форма на трчање.
По 10 минути
Ако сте почетник во трчањето, после 10 минути ќе почувствувате уште повеќе тешкотии. Потешко ќе дишете, но тоа лесно ќе го решите со менување на темпото. Трчајте со нормално темпо, а кога ќе почнете да го губите здивот продолжете со лесно џогирање. Откако ќе се соземете, повторно засилете ја брзината. И повторно, најважно е да ја одржувате волјата и да не се откажувате.
По 30 минути
На крајот следува наградата. На организмот веќе не му е потребно толку многу гориво, а згора на тоа тогаш се ослободува и хормонот на среќата. Затоа ќе се чувствувате задоволни и полни со енергија, а тоа ќе ви даде мотив и утре да се вратите на патеката.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.