Што се случува кога ги потиснувате вашите емоции?

Што се случува кога ги потиснувате вашите емоции?

Зарем не е точно дека секој од нас ги потиснува чувствата кога е тажен? Но дали е тоа добро? Емоционалното потиснување е многу користена тактика овие денови. Но не сме свесни дека со тоа само создаваме нови проблеми и бран од ментални нарушувања во нашиот живот. Еве ги 10-те начини на кои се справуваме со неискажаните емоции во секојдневниот живот.

10-raboti-koi-gi-pravite-koga-gi-potisnuvate-vashite-emocii-kafepauza.mk

1. Грижа за другите

Подобро е да се справувате со емоциите на другите луѓе и да ги слушате нивните проблеми отколку да се справите со вашите. Поминувате многу време помагајќи им на вашите блиски да ја надминат кризата во којашто се наоѓаат наместо да се соочите со она што ви се случува вам. Ова однесување е штетно кога не се чувствувате добро.

2. Исчезнување на подолго време

Понекогаш некои луѓе може да ви предизвикаат емоции кои не можете да ги контролирате. Можеби едноставно не сте способни да се справите со нив сами. Можеби имате проблеми од минатото кои ве тераат да се држите настрана од некои луѓе, и тоа на подолг период.

3. Постојано сте зафатени

Ако постојано се движите од една работа кон друга, вашите емоции не можат да го држат истото темпо. А за вас, ова е одлично.

4. Постојано тврдите дека сте во ред

Ако велите дека сте во ред кога всушност не сте, можеби имате и анксиозно нарушување кое ве „гризе“ однатре.

5. Ирационални стравови

Дури и кога ќе ги сфатите вашите чувства, тие сепак можат да се појават во јавност и да направат да се засрамите. Ова води до ирационални стравови кои емоционално ве цедат.

6. Правите сè да изгледа позитивно

Многу често правите сите негативни работи да изгледаат позитивно. Вашиот свет можеби се руши, но вие сепак креирате лажно мислење и се убедувате дека сè е во ред. Притоа знаете дека работите можат да се променат за само еден ден.

7. Планирате предвреме

Сакате да контролирате сè и да бидете во можност да предвидите како ќе се чувствувате. Ова ја спречува вашата спонтаност и не ви дозволува да бидете отворени кон нови изненадувања.

8. Врски со луѓе кои не се добри за вас

Многу често добрите луѓе кои можат позитивно да влијаат на нашиот живот нè одминуваат, бидејќи сме слепи кон нив. Многу често ја избегнувате емоционалната интимност и „заглавувате“ со луѓе кои не се добри за вас.

9. Сите работи ги претворате во шега

Можеби се смеете на сè што се случува, и ја користите вашата болка за забавување на другите.

10. Се обидувате да изгледате силни

Не постои човек без емоции. Дури и психопатите искусуваат збир од емоции, како на пример гнев, одвреме-навреме. Силните луѓе се луѓе кои ги потиснуваат нивните емоции и нив најмногу им е потребна помош.

Погледнете и како емотивната болка може да се претвори во физичка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар