Што сè очекувам од идниот сопруг?

Што сè очекувам од идниот сопруг?

Многу жени уште од мали нозе го замислуваат својот идеален маж, а блогерката Линдзи пак, направила и листа на особините коишто тој би требало да ги поседува.

Прашањето за тоа кога ќе го запознае својот иден маж, на Лидзи Тајгер, блогерка од Њујорк ѝ донело малку грижа и нетрпение. Таа не стравувала од тоа дека никогаш нема да го сретне, но периодот на самотија го искористила за да сфати што сака од животот и од својот партнер. Овде се четиринаесетте нешта коишто таа сака да ги има нејзиниот иден сопруг. Некои од нив делуваат нереално, додека пак другите се неизбежни!

1. „Често да ми покажува внимание“

Таа вели дека е заљубена во речениците и малите знаци на внимание. Едно „те сакам“ на самолеплива хартија 6 пати неделно би било доволно.

2. „Да ја побара мојата рака од моите родители“

Секако, важно е да не го заборави и вереничкиот прстен. Таа смета дека тоа е доста романтично и дека би им се допаднало и на нејзините родители. Тоа навистина е прекрасен гест.

3. „Рационално да ги троши заработените пари“

Колку и добро да стоиме со финансиите, секогаш постои страв дека за миг би можеле да останеме „голи и боси“. Затоа, потребно е покрај својот партнер да се чувствуваме сигурно и безгрижно.

4. „Да не ме врзува премногу за себе“

Слободата е еднаква на среќата. Тоа не значи дека помалку го сакаме својот партнер. Напротив, слободата може само повеќе да ја зајакне љубовната врска.

5. „Да имаме чести сексуални односи“

Многу е важно да не се прекине сексуалната хемија помеѓу партнерите само поради тоа што добиле деца. Секако, од својот сопруг очекуваме на нас да гледа како на најсексапилната женска личност којашто ја познава, додека пак за возврат ветуваме дека секогаш ќе најдеме време за него.

6. „Да зборуваме за сè и сешто“

Кога сме покрај некого и се чувствуваме несигурно, тогаш тоа не е добар знак. Според Линдзи, доколку таа сака нешто да каже, а не може затоа што нема компатибилен соговорник, тогаш тоа е голем проблем.

5-shto-se-ochekuvam-od-idniot-soprug-kafepauza.mk

7. „Да сфати и прифати дека користам 6 шишиња шампони и регенератори истовремено“

Тој мора да ги прифаќа нашите навики. И тоа дека имаме најмалку 25 лакови за нокти. И 10 кармини.

8. „Да ми доделува комплименти“

Доколку само ја фати за рака и ѝ каже „Ајде да одиме“, без притоа да прокоментира за нејзиниот изглед, тогаш Линдзи вели дека би била повредена. Комплиментите се претходно чесно заработени со неколкуте часа потрошени за средување.

9. „Да не му е срам да заплаче на филм“

Колку и да е независна, слободна и јака, драмите може да ја расплачат секоја жена. Па, тој треба барем во секоја таква прилика барем да има марамче во џебот.

10. „Да го искажува своето мислење“

Линдзи би сакала да биде заљубена во неговиот мозок, во начинот на којшто размислува, во неговото срце, во работите коишто го прават онаков каков што е. Би сакала да научи сè за него, затоа тој мора да ѝ кажува сè. Да го сподели животот со неа.

11. „Да одиме на љубовни состаноци“

Можеби делува малку лудо, но згаснувањето на љубовната искра помеѓу партнерите воопшто не звучи добро. Би било супер да се направи договор еднаш неделно да се практикува одење на љубовен состанок. Тоа би можело да биде и вечерна прошетка, парче пица или пијалак, битно е да не се дозволи брзиот живот да направи да направи партнерите да се изгубат меѓусебно.

12. „Да ме сака неговата мајка“

Таа вели дека не сака да бидат најдобри пријателки со неговата мајка или пак да заедно да пијат вино, но би сакала да ѝ се допаѓа. Барем повеќе отколку неговите претходни девојки.

13. „Да има хоби“

Не мора едно. Може дури и пет. Таа не би сакала целиот ден и сето свое слободно време тој да го поминува само со неа. Таа би ги поддржала неговите активности, па дури и би го слушала како зборува за нив доколку тој инсистира.

14. „Последно и најважно – да се чувствувам сакана и обожавана“

Потребно ѝ е во секоја нејзина пора да ја почувствува неговата љубов и тоа да го види во неговите очи. Зошто? Затоа што таа ќе го сака и повеќе одошто може да замисли и потребно ѝ е тоа да биде така и од негова страна, со ист интензитет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар