Што се енергетски вампири и како да се заштитите од нив?

Што се енергетски вампири и како да се заштитите од нив?

Здравата и среќна личност е полна со енергија. Без енергија, како би ги исполниле нашите соништа или како би ги надминале пречките? Вистина е дека некои луѓе имаат повеќе енергија од другите, но дали некогаш сте се запрашале зошто? Иако можеби влијание има и генетиката, уште поважно влијанието е на нашето опкружување.

Што се енергетски вампири и како да се заштитите од нив?

Сè е енергија

На атомското ниво, сè што постои е создадено од атоми кои вибрираат, или чиста енергија. Дури и нематеријалните нешта, како нашите мисли, емоции, инстинкти и желбата за секс може да се каже дека се од енергија. Па, живееме во океан од движење а во секој океан, или опкружување, има предатори и плен.

Енергетски вампири

Постојат луѓе кои можат многу брзо да ни ја истрошат енергијата. Ако сте чувствителна личност или емпат, сигурно сте свесни за оваа појава. Но, не сите се во можност да го почувствуваат ова. Додека некои сметаат дека енергетските вампири се луѓе кои не можат да ја одржат својата животна енергија на позитивен начин, другите сметаат дека тие се добри и нормални, но неподносливи луѓе.

Како да идентификувате енергетски вампир?

Ако сте во близина на ваква личност, ќе почувствувате некои од следниве симптоми:

  • Замор
  • Стрес
  • Физички проблеми како главоболки и болки во телото
  • Ментална и физичка истрошеност
  • Раздразливост и/или анксиозност

Можете да забележите дека енергетските вампири имаат некои од следниве карактеристики:

  • Големо его, сакаат да дебатираат и да се расправаат
  • Агресивно однесување
  • Параноја
  • Проблеми со гневот
  • Нарцизам
  • Жалење
  • Озборување
  • Несигурност, односно постојана потреба од одобрување и прифаќање
  • Манипулативно однесување
  • Љубомора

Енергетските вампири најчесто се луѓе кои земаат, а не даваат и добиваат „бесплатна терапија“ со нивните пријатели, семејство, партнери, колеги, па дури и странци и деца. Исто така, добро е да знаете дека енергетските вампири не мора секогаш да бидат луѓе. Може да станува збор за ситуации, па дури и физички предмети како на пример:

  • Интернет
  • Телевизија
  • Други електронски направи – радио, телефон и слично
  • Јавни случувања – забави, толпи, автобуски постојки и слично
  • Животни и домашни миленици

Најголем проблем претставува кога енергетските вампири се дел од вашето семејство или вашиот круг на пријатели.

10 начини за справување

Можеби сте пленот, но нема потреба да играте улога на жртва. За да го подобрите вашиот живот, потребно е вие да направите нешто.

1. Избегнувајте долг контакт со очите

Гледањето во очи е можеби нешто што најмногу црпи енергија. Колку повеќе го гледате соговорникот во очи, толку повеќе сте вклучени во она што го зборува.

2. Поставете временска граница

Вашето време е скапоцено, па нема потреба да седите 2 часа со личност што ја црпи вашата енергија. Поставете временска граница од 5, 10, 15 минути за оваа личност.

3. Научете да не реагирате

Ова е многу важно. Енергетските вампири се хранат од реакциите на другите, а ова ги тера да продолжат со интеракцијата. Важно е да научите да бидете неутрални во интеракцијата, односно немојте многу да покажувате позитивни или негативни емоции.

4. Научете да не се расправате или спротивставувате

Иако искушението може да биде големо, не можете да ги промените другите ако тие не го сакаат тоа. Колку повеќе отпор им давате, толку повеќе отпор ќе добивате.

5. Дружете се со други луѓе

Ако му пријдете на енергетски вампир со уште некој, ќе се намали вашиот напор и вниманието кое таа личност ќе го добие. Важно е и другата личност да не биде енергетски вампир.

6. Слушајте повеќе отколку што зборувате

Многу често енергетските вампири бараат некој кој ќе ги ислуша. Колку повеќе зборувате, толку повеќе енергија губите. Користењето зборови како зошто, кога и како ќе го охрабрат соговорникот да продолжи со зборување, а ова ќе ви помогне да ја зачувате вашата енергија.

7. Држете се до лесни и едноставни теми

Вашите разговори не мора да бидат депресивни. Преземете контрола кога тоа е потребно и променете ја темата.

8. Визуализирајте

Многу луѓе тврдат дека замислувањето на штит околу себе им помага да се заштитат и да останат смирени.

9. Избегнувајте ги кога е возможно

Иако не е секогаш возможно, ова е техника која навистина ќе ви помогне. Секогаш кога сте во можност избегнувајте ја интеракцијата со овие луѓе.

10. Прекинете го контактот

Понекогаш во корист на вашите среќа и здравје, мора да донесете некои тешки одлуки. Треба внимателно да одберете со какви луѓе ќе се опкружите. Ако продолжувате да страдате, најдобро е целосно да го прекинете контактот со овие луѓе.

Погледнете ги и овие совети за препознавање и одбрана од енергетските вампири.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар