Што прво правите од сабајле и што открива тоа за вашиот карактер?

Што прво правите од сабајле и што открива тоа за вашиот карактер?

Начинот на кој го започнувате денот може да открие многу за вашите животни приоритети. Тоа открива што го окупира вашиот ум, како и што ви дава енергија за да се движите низ животот. Треба да знаете дека првата мисла во денот ја одредува и насоката во која потоа ќе се движите, а со тоа и нашиот карактер. Пронајдете ја подолу активноста којашто прво ја правите од сабајле и дознајте што кажува тоа за вас.

shto-prvo-pravite-od-sabajle-i-shto-otkriva-toa-za-vashiot-karakter

1. Проверување на будилникот

Луѓето што стануваат и веднаш го проверуваат будилникот имаат многу нешта во мислите. Тие најчесто стануваат пред тој да заѕвони и веќе се спремни за работа. Тие исто така и многу го ценат своето време, па затоа и мразат да го губат на непотребни нешта.

2. Одложување на алармот

Луѓето што го одложуваат будењето е вистински работници, но обожаваат да работат по свое темпо. Тие не сакаат авторитет, па затоа и најдобро работат кога имаат целосна слободна. Почетоците им тргнуваат бавно, но секогаш ја завршуваат работата добро.

3. Поглед кон партнерот

Тие што прво помислуваат на својот партнер од сабајле се познати како безнадежни романтичари и зависници од своите сакани. Нивниот ден не може да почне без прегратка од љубовта на нивниот живот, и најчесто мислат на нив сè додека не си легнат повторно.

4. Гледање пред себе

Луѓето што ги отвораат очите и се „губат“ во погледот пред себе се големи мечтатели. Обично се обидуваат да се вратат во сонот што претходно го сонувале. Тие се креативни, мислители и филозофи.

5. Враќање на спиење

Луѓето што се будат и потоа повторно заспиваат воопшто не се грижат за остатокот од светот. Тоа е нивно време и тие го прифаќаат со уживање. Тие си се шефови самите на себе и сами одлучуваат што да направат. Безгрижни се, но сакаат спокоен живот.

6. Проверување на социјалните мрежи

Луѓето што веднаш по будењето ги проверуваат социјалните мрежи се многу зависни од другите и имаат потреба од нивна потврда дека вредат. Тие се заинтересирани за животите на другите луѓе и искрено се интересираат за тоа што тие го прават.

7. Проверување на имејлот

Луѓето што прво помислуваат на имејлот обично се лидери во своите полиња. Тие секогаш се зафатени, и секој момент од нивното време мора да им биде испланиран. Тие се паметни и точни.

8. Лежење без мрдање или размислување

Луѓето што по будењето не размислуваат на ништо, ниту пак имаат желба да проверат нешто, се креативни мислители. Кога ќе се разбудат со празна листа обврски, тие можат да направат сè што сакаат ако не им кажат нешто спротивно. Обично се спремни за тој ден, но не се сигурни што им спрема денот.

9. Чувство на збунетост

Некои луѓе секојдневно се будат збунети. Како да им досадува веднаш што ги отворат очите и едноставно не знаат што треба да направат следно. Потребно им е време да им се разбистрат мислите и да се активираат, па дури потоа продолжуваат со денот. Многу бавно.

10. Станување од кревет

Веднаш по будењето „скокате“ од кревет? Тогаш сте едни од најактивните луѓе на планетата Земја. Вие се будите освежени и целосно спремни за соочување светот. Исто така вежбате, трчате и постојано правите нешто продуктивно.

Имате проблеми со будењето? Прочитајте и за најуспешните техники за рано будење!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар