Што прават 10 дена на море за вашето здравје?

Што прават 10 дена на море за вашето здравје?

Летувањето го чувствуваме со сите сетила. Сепак, освен добриот одмор и забавниот помин, постојат и неколку важни здравствени придобивки од вашата 10-дневна изложеност на море.

shto-pravat-10-dena-na-more-za-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

Поголема плодност

Сончањето ја засилува плодноста кај двата пола бидејќи го зголемува нивото на витамин Д. Медицинските експерти од Австрија откриле дека витаминот Д го зголемува нивото на женските хормони прогестерон и естроген што го регулира циклусот и ги зголемува шансите да останете бремени.

Повеќе секс

Едно неодамна спроведено истражување во Велика Британија покажало дека учесниците најмногу сексуални односи имале во август. Научниците ги објасниле резултатите со фактот дека сонцето го поттикнува хормонот на среќата серотонин и допаминот и го покачува нивото на тестостеронот – и кај мажите и кај жените.

Понизок крвен притисок

Повеќе медицински студии имаат покажано дека УВ-зраците го зголемуваат ослободувањето на соединението азот моноксид од кожата, што поттикнува отпуштање на крвните садови предизвикувајќи пад на крвниот притисок.

Подобар сон

Само заради тоа што не поминувате време пред компјутер или телевизор ќе почувствувате позитивно промена во вашето спиење. На тоа секако влијаат самиот одмор покрај море, промената на климата и психичкиот одмор.

Полесно дишење

Еден од главните причини зошто одморот на море е од голема важност за здравјето е што морскиот воздух е полн со јони кои ја стимулираат апсорпцијата на кислородот, ги олеснуваат симптомите на астмата и го регулираат нивото на хормоните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар