Што не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?

Што не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?

Постојат безброј мали правила за успех на социјалните мрежи. Доколку навистина сакате да заработувате од овие алатки, постојат 4 главни правила коишто не би требало да ги прекршите. Навистина се едноставни и нема да ви биде проблем да се држите до нив.

Што не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?

1. Немојте да објавувате од мерак

Вашите објави би требало да им бидат од корист на следбениците, во спротивно би ги иритирале. Пред да објавите нешто, запрашајте се дали објавата може да ги научи нешто, да ги забавува или да ги инспирира другите. Ако немате потврден одговор на барем една од трите опции, размислете подобро дали навистина вреди да објавувате.

2. Немојте да се продавате

Ако објавувате само спонзорирани објави, нема да издржите долго. Соработувајте со луѓе чии вредности и естетика се слични со вашите бидејќи во спротивно ќе го изгубите вашиот кредибилитет.

3. Бидете доследни при објавувањето

Еднаш или два пати неделно на Инстаграм и Фејсбук и една објава неделно на Јутјуб е сосема доволно. Целта е да не исчезнете на две недели, а потоа да ги бомбардирате вашите следбеници со стотици објави и слики.

4. Не менувајте ја профилната фотографија

Луѓето воглавно ве препознаваат по вашата фотографија, а многу ретко по името. Ако често ја менувате профилната фотографија, голема е веројатноста некој да се збуни и да не ве препознае, па да го изгубите како следбеник.

Доколку ги користите социјалните мрежи само за забава, погледнете како да бидете вашата реална верзија на нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар