Што не смеете да правите додека сте на диета?
Не е лесно да се биде на диета. Не постојат ниту магични апчиња кои ќе ви помогнат да изгледате совршено. За тоа е потребен голем напор, но и карактер да се издржи. Меѓутоа, добро е да знаете што не смеете и што е ефикасно, за да стигнете до целта побрзо и полесно. Овие осум работи е препорачливо да не ги правите додека се трудите да спуштите некој килограм.
Прескокнување оброци
Ова со сигурност нема да ви помогне при губењето на килограмите. Напротив, прескокнувањето оброци е лошо за вашето тело. Затоа подобро јадете повеќе мали оброци дневно, отколку неколку обилно.
Не исклучувајте ги јаглехидратите
Тие се многу потребни за правилно функционирање на мозокот. Хранливите влакна се важни за целокупното здравје на организмот.
Не изгладнувајте се
Доколку се изгладнувате постојано ќе се чувствувате поспано, мрзеливо и анемично. Според многу анализи, гладувањето го ослабува и срцето.
Немојте да вежбате повеќе од еден час
Без оглед на тоа колкава е вашата желба да изгубите што е можно поголем број од килограмите, немојте да се форсирате. Еден час вежбање е сосема доволно, особено ако сте на диета.
Одберете режим за тренирање кој вам ви одговара
Иако не треба да тренирате напорно за време на држењето диета, тоа не значи дека треба тотално да ги занемарите физичките активности, бидејќи без нив ќе се чувствувате исцрпено.
Не поставувајте си нереални цели
Секогаш размислувајте реално, кога станува збора за губењето на тежината. Ова е важно за да не се разочарате и да се откажете. Напредувајте постепено и без форсирање.
Немојте да се мерите на вага секој ден
Ова сигурно може да ве обесхрабри. Тежината, особено кај жените, може да варира и по неколку пати дневно, особено за време на ПМС или во првите денови од менструалниот циклус.
Не земајте лекови и апчиња за слабеење по нечија препорака
Доколку некој пријател ви раскаже како некој ослабел со помош на апчиња, не залажувајте се веднаш да ги купите. Советувајте се со лекар, бидејќи вашиот организам може да функционира на сосема различен начин и да не ги поднесува тие апчиња.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.