Што може да се користи како замена за шеќер во исхраната?

Што може да се користи како замена за шеќер во исхраната?

Сигурно шеќерот и благите работи ви се омилениот дел од исхраната, но знаете какви штети на здравјето тоа може да донесе. Зголемено чувство на глад, дебелеење, отпор на инсулин, дијабетес и слични нешта ве очекуваат кога редовно јадете шеќер. Неговото исфрлање од исхраната е тешко затоа што предизвикува зависност, но ако се случи ќе имате повеќе енергија, помалку ќе ви се јаде и ќе ја стабилизирате телесната тежина. За полесно да го елиминирате белиот рафиниран шеќер од вашата исхрана можете да користите некоја од овие замени. Треба да внимавате со нив затоа што и тие се многу калорични, но барем не прават да ви треба уште благо и се многу подобри за организмот. Секогаш кога во некој рецепт ќе видите дека треба да ставите шеќер, вие обидете се да го замените со некоја од овие алтернативи.

Што може да се користи како замена за шеќер во исхраната?

Мед

Медот е одличен додаток за слатките кога сакате да го изоставите белиот шеќер. Тој се метаболизира многу побавно и затоа не предизвикува потреба од повеќе. Причина за тоа е и фактот дека е многу поблаг од шеќерот. Следниот пат кога ќе правите десерт, наместо 100 грама шеќер ставете 50 грама мед за тој да биде поздрав и повкусен.

Стевија

Стевијата по изгледот е многу слична на шеќерот, но има многу поразлични карактеристики. Еден грам стевија заменува дури 5 грама бел шеќер, а покрај тоа содржи нула калории. Го засладува оброкот, но не му додава калории и не ве тера да јадете уште благо. На почетокот проблем може да ви биде нејзиниот малку блуткав вкус. Овој засладувач веќе може да се најде и во нашите подобро снабдени супермаркети и во продавниците за здрава храна.

Јаворов сируп

Јаворовиот сируп содржи доста шеќери како и медот, но и покрај тоа е далеку подобра алтернатива од белиот шеќер. Содржи малку јаглехидрати и доста калциум и калиум, но сепак треба да се зема во умерени количини.

Агаве нектар

И овој засладувач има доста понизок гликемиски индекс од белиот шеќер и затоа е одличен како негова замена. Истовремено засладува исто толку со многу помала употребена количина.

Маџун

Маџунот е засладувач од македонската традиционална кујна. Се добива од гроздовиот сок и многу е благ. Изобилува со многу хранливи состојки, витамини и минерали и од вашиот десерт ќе направи ем благ, ем хранлив оброк.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар