Претходно
Што ќе се случи со вашето тело доколку 28 дена не пиете алкохол?
Обичната личност со просечна плата пие околу 9,5 литри алкохол годишно. Овде станува збор за личност која не е зависна од алкохол и која само сака да оди на по некоја пијачка со пријателите. Понекогаш овие луѓе прават пауза од алкохолот во текот на неделата и може да се напијат само чаша вино пред спиење. Но доколку спаѓате во оваа група, знаете ли што би се случило со вашето тело доколку 28 дена се откажете од алкохолот? Дознајте во продолжение.
Прва недела
- Изгледа како апетитот да се зголемува. Во реалноста, луѓето јадат повеќе кога пијат алкохол. Кога ќе престанат со пиење, бараат нешто што ќе ги држи зафатени – најчесто храна. Па најдобро е да ја замените храната со сокови и овошје откако ќе се откажете од алкохолот.
- Може да се зголеми желбата за слатка храна. Алкохолот, особено оној слаткиот, може да го зголеми нивото на шеќер во крвта, што пак може да предизвика желба за благо. Но сите луѓе имаат различни реакции и некои искусуваат намалување на нивото на шеќер. Ова е особено опасно за луѓето со дијабетес.
- Квалитетниот сон изгледа невозможен откако ќе се откажете од алкохолот. Ова е особено вистина за луѓе кои се навикнати да пијат по една пијачка за полесно да заспијат. Додека алкохолот може да направи да заспиете побрзо, тој го намалува квалитетот на вашиот сон. Па додека се оддалечувате од алкохолот, сонот нема да биде длабок, а некои луѓе се пожалиле и на кошмари.
- Во некои случаи, луѓето имаат и главоболки, кои се сигнал за големи промени во телото додека се чисти од алкохолот. Ова може да има влијание на црниот дроб, па дури и да предизвика висок крвен притисок. Во оваа фаза од откажувањето, вашето тело може да го предизвика спротивниот ефект и да ја убие болката (кога луѓето пијат редовно, толеранцијата на болка се зголемува). Во првата недела, оваа отпорност може сè уште да трае.
Втора недела
- Црниот дроб започнува да се обновува. Кога луѓето редовно пијат алкохол, клетките на црниот дроб умираат и на нивното место се појавуваат лузни. Органот може да се обнови, но ова е навистина бавен процес. Колку помалку алкохол пие личноста, толку побрзо ќе биде закрепнувањето.
- Друго нешто што може да ве мотивира е промената на бојата на кожата. Алкохолот ја прекинува циркулацијата на крвта, што води до недостаток од кислород во кожата. Како резултат, алкохолот ја суши кожата и може да се појават дамки и предвремени брчки.
- Дигестијата почнува да се подобрува. Алкохолот го зголемува лачењето на желудочна киселина или со други зборови, желудникот бавно „се јаде“ самиот. Всушност, ова е и причината зошто луѓето јадат повеќе кога пијат алкохол.
- Луѓето кои експериментирале со откажување од алкохолот изјавиле дека до 2-рата недела им станувало потешко да ги одбиваат поканите од пријателите. На почетокот сите се ентузијасти, но до 2-рата недела им е потребна поголема мотивација.
Трета недела
- До третата недела исчезнуваат очигледните знаци на пиење алкохол, како темни кругови под очите и подуеност на лицето. Причината е што уринарниот систем сега може да функционира правилно.
- Будењето наутро станува полесно. Кога личноста е малку пијана, веднаш влегува во длабоката фаза на спиење и ги прескокнува почетните. Кога концентрацијата на алкохол во крвта се намалува, спиењето не е длабоко и луѓето се будат почесто. Штом алкохолот целосно ќе излезе од системот, циклусот на спиење се враќа во нормална состојба, правејќи го будењето полесно.
- Пиењето го намалува лачењето на плунка која има влијание врз состојбата на забите. Па ако не пиете алкохол, имате помал ризик од кариес и емајлот на забите станува посилен.
- Алкохолот не ја убива само болката, туку и рецепторите за вкус и сетилото за мирис. Со текот на времето, овие сетила се враќаат во нормала.
Четврта недела
- Доколку личноста е со прекумерна тежина, телесната маса драстично се намалува. Броевите се индивидуални, но во просек луѓето ослабуваат околу 2-3 килограми месечно. Колку подолго не пиете алкохол, толку повеќе килограми ќе изгубите.
- Алкохолот го зголемува крвниот притисок. Ако ова се случува пречесто, постои ризик од хипертензија. Луѓето кои не пијат алкохол поретко ја имаат оваа состојба. Покрај тоа, ризикот од кардиоваскуларни болести драстично се намалува.
- Кожата станува многу почиста. Акните и иритациите исчезнуваат. Ова најчесто се случува бидејќи нивото на вода во телото се нормализира, исто како и циркулацијата на крвта. Бојата на лицето се изедначува, а дамките од кожата исчезнуваат.
- Луѓето имаат почист ум и работат поефикасно. Ова можеби не е најочигледната промена. Сепак, истражувањата покажале дека редовното пиење алкохол сосема малку го потекува мозокот, а милиони мозочни клетки умираат поради недостаток од кислород. Овие промени се многу бавни, но неповратни.
Погледнете и што ќе се случи доколку целосно се откажете од алкохолот.