Што ќе се случи ако престанете да пиете пилули за контрацепција по долгогодишна употреба?
Денес пилулите за контрацепција не се користат само за заштита од несакана бременост, туку и за регулирање на некои хормонални проблеми. Се разбира, секогаш треба да бидат препишани од лекар. Но, што се случува ако ги пиете овие пилули со години без прекин?
Една девојка користела пилули за контрацепција цели 10 години без пауза, од својата 15-та година. Изјавила дека никогаш не ѝ пречеле. Како тинејџерка имала навистина болни и обилни менструации, па овие пилули ѝ помагале да се справи со тоа. Во меѓувреме решила да престане со нив, и еве што се случило.
1. Кожата ѝ изгледала подобро
Девојката немала некои сериозни проблеми со кожата, но секогаш имала мозолчиња на вратот, а понекогаш и на лицето и на деколтето. По прекинувањето на пилулите сите мозолчиња исчезнале и не се појавиле нови.
2. Променливо расположение
Две недели по прекинот, девојката изјавила дека плачела дури и на реклами за храна за мачки. Била навистина емотивна и претходно, но сега тоа било повеќе изразено.
3. Сепак, се чувствувала подобро
И покрај плачењето, таа забележала дека целокупното расположение значително ѝ се подобрило. Откако прекинала со апчињата го забележувала своето расположение и речиси секогаш била среќна.
4. Чувство на слобода
Девојката се чувствувала навистина слободно бидејќи не морала секоја вечер да мисли на апчињата. Се ослободила од голем товар сега кога не зависи од нив.
5. Обилна менструација
Првата менструација по прекинот на апчињата ѝ била навистина обилна. Имала силни болки кои не ги издржувала без апчиња против болка, како и главоболки. За среќа, нејзината менструација се вратила во нормала по 2 дена.
6. Намалено чувство на глад
Нападите на глад во текот на ноќта значително се намалиле. Претходно девојката имала навика постојано да грицка нешто додека гледа телевизија, а многупати и готвела навечер. По прекинот на апчињата, оваа желба за храна како да исчезнала.
7. Подобра форма
Можеби причината е тоа што повеќе не јадела навечер, но девојката почнала да се чувствува навистина свежо и одморено наутро.
Што потоа?
Бидејќи откако прекинала со пилулите се чувствувала навистина подобро, одлучила некое време да не ги пие. По 10 години мислела дека ќе има навистина значајни промени, но промените не биле толку големи. Ѝ се допаѓало чувството што не мора секој ден да пие апчиња и сега се разбира, ќе проба некој друг метод за контрацепција. Сепак, секоја жена е различна и може да почувствува други промени ако прекине со пилулите за контрацепција.
Погледнете ги и другите промени кои можат да настанат ако прекинете со пиење апчиња за контрацепција.