Што ќе се случи ако ги исфрлите месото и месните производи од исхраната?
Во едно научно истражување од Универзитетот во Њујорк, Америка, во кое учествувале 50-тина испитаници, бил спроведен експеримент за да се одреди точно што се случува со човечкиот организам, односно какви промени настануваат во него доколку се исфрлат месото и месните производи од исхраната. Резултатите биле истовремено позитивни и негативни, и кај скоро сите учесници се појавиле овие 5 најкарактеристични промени во нивните тела.
1. Ќе ослабете
Испитаниците кои го исфрлиле месото од нивната исхрана ослабеле до 5 килограми. Притоа, не ги менувале своите дневни рутини и навики, ниту пак ги броеле калориите.
2. Ќе ви се промени цревната микрофлора
Вегетаријанците имаат повеќе видови цревни бактерии кои се борат против воспаленијата и инфекциите, но сепак, голема е разликата помеѓу нивната микрофлора и микрофлората на месојадите.
3. Можно е да изгубите неколку важни хранливи материи
Со растителната исхрана е потешко да се добие доволно железо, витамин Д и витамин Б12. Исто така, можно е да ви недостасуваат и протеини. Меѓутоа дневните потреби на организмот од овие материи можете да ги надоместите со соодветни алтернативи: Мешунките и јаткастите плодови се добар извор на белковини и здрави масти, јајцата содржат витамин Д, а ако јадете намирници богати со железо (како што е спанаќот) тогаш тоа правете го во комбинација со витамин Ц (на пример додадете малку лимон во спанаќот).
4. Можно е да го намалите ризикот од канцерогени болести
Светската здравствена организација минатава година ги шокира сите кога објави извештај дека во сланината и колбасите има приближно ист број штетни елементи како што има и во цигарите. Меѓутоа, според истражувањето, тоа не значело дека со консумацијата на овие производи се зголемува и ризикот од рак. Сепак, познато е дека црвеното месо не треба да се внесува во големи количини, особено тоа што е хемиски обработено, бидејќи може да предизвика сериозни здравствени проблеми во цревата и абдоминалниот предел.
5. Сигурно ќе го намалите ризикот од срцеви болести
Освен претераното внесување масти, американскиот институт Лернер, кој бил партнер на њујоршкиот универзитет во научното истражување, го изолирал и карнитинот. Ова соединение од црвеното место ги поттикнува реакциите во организмот кои го стимулираат настанокот на кардиоваскуларни болести.