Што да правите доколку личноста во која сте вљубени реши да ве напушти?
Раскинувањето или разводот, разделбата со партнерот и емотивната дистанца во која нема ништо друго освен студенило – сето тоа може да биде тешко за личноста која сака и е оставена од партнерот.
Иако сите овие промени во првите денови ќе ви изгледаат како бродот да тоне и ќе ви биде тешко да заборавите и да продолжите понатаму, времето е лек за сè. Едно утро ќе се разбудите и ќе речете – „готово е“. Вашето срце ќе почувствува дека сето тоа поминало.
Главната грешка што многу луѓе ја прават е тоа што ја задржуваат личноста која ги оставила, не само физички, туку и во срцето, умот и душата.
Карл Густав Јунг, познатиот психијатар, зад себе остави многу мудрости и психолошки совети, но овој е еден од најдобрите за сите оние кои страдаат поради невозвратена љубов:
„Не чувајте го оној што ве оставил. Во спротивно нема да дојде тој што треба да дојде“.
По разделбата со партнерот не заборавајте дека сè додека чувате љубов во себе за личност која не ве заслужува, вие ја отфрлате љубовта од себе – ова е законот на привлекување.
Немојте да молите за љубов, престанете да фантазирате за она што веќе поминало, не задржувајте ги негативните емоции и копнежот во вашата душа и оставете ги да си заминат.
Пуштете ги да си одат со личноста која ве оставила. Ако требало да остане, ако била достојна за вас, таа ќе беше тука. Но, бидејќи не е така, време е да го отворите срцето за нешто ново, за она што навистина го заслужувате.
Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 6 негативни мисли кои ве спречуваат да ја раскинете љубовната врска иако партнерот не ве заслужува.
Извор: atma.hr