Што да јадете пред и после вежбање?

Што да јадете пред и после вежбање?

Освен што треба да јадете свежи продукти, а да ја избегнувате преработената храна, постојат уште неколку трикови кои можат да ви помогнат ефектите од вежбањето да се поголеми и побргу да се забележат, а сепак на телото да му дадете сè што му е потребно.

Што да јадете пред и после вежбање?

Пред вежбање

Ужината треба да биде еден час до час и половина пред вежбањето. Големината на оброкот е исто така важна, така што не би требало да изедете повеќе од 115 грама од некоја храна, бидејќи во спротивно вежбањето ќе го попречи вашето варење.

Доколку правите вежби за кондиција, пред вежбањето изедете бадеми или авокадо или само напијте се кафе. Овие три продукти ќе го поттикнат излачувањето на хормонот допамин кој е важен за мотивираност, енергија и мускулна функција.

Добар избор на храна е лососот, говедското месо, сардините, како и зрнестото овошје.

Ако сакате да ја зголемите мускулната маса, потребно е да го зголемите нивото на инсулинот непосредно пред вежбањето. Ова ќе го постигнете доколку изедете порција од чисти протеини, како што е рибата, мисиркиното месо, или белка од јајце и на тоа додадете малку јаглени хидрати со помош интегрален ориз.

После вежбање

За да ја зголемите и силата и мускулната маса, вашиот оброк после вежбањето неопходно е да содржи и протеини и јаглени хидрати.

На ова треба да му додадете напивка од пасиран спанаќ, кељ, краставица, целер и друг зеленчук со зелена боја за да ја намалите киселоста во организмот и да ја намалите можноста за воспаление на мускулите предизвикана од складирање на млечните киселини.

Еден час после течниот оброк изедете белка и овесна каша, или мисиркино месо и сладок компир или пилешко со интегрален ориз.

Сакате да ја намалите телесната тежина

Доколку вашата цел е губење на масните наслаги, најдобро би било да вежбате на празен стомак, или поточно веднаш штом ќе станете наутро. Тоа ќе го принуди телото да ги користи резервите на енергија и воедно да ги разложува масните наслаги.

Еден час после тренингот изедете комплетен оброк, а не само ужина. Големината на оброкот е исто така важна, но важно е и да се потрудите да ги почитувате препораките за внесување калории во текот на денот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар