Што би ви рекле кучињата да можат да зборуваат?

Што би ви рекле кучињата да можат да зборуваат?

Не се само мачките таинствени, понекогаш и кучињата ги кријат своите намери и желби. Но, што повеќе време поминувате со вашето куче, толку повеќе ќе го запознаете и ќе знаете што сака да ви каже, дури и кога тоа се однесува повлечено. Па, ако сакате да се зближите со вашето куче, дознајте што тоа би ви кажало кога би можело да зборува.

Секое куче сака различен кревет

Кога кучињата би можеле да говорат, едно од нештата што би ви ги кажале е дека им е потребен удобен кревет. Во однос на тоа како вашето куче спие, вие треба да го изберете соодветниот модел. На пример, ако кучето е свиткано во форма на топка, тогаш кружниот кревет е најдобар со него. Ако сака да се испружи, потребен му е правоаголен и рамен кревет.

Мавтањето со опашката не е секогаш добар знак

Многу луѓе веруваат дека мавтањето со опашот е знак дека кучето е среќно и расположено. Но, тоа не секогаш е така. Ако опашката е опуштена и во движење, тоа е знак дека кучето е опуштено, весело и расположено за играње и галење. Но, ако опашката не е толку опуштена за време на мавтањето и стои високо, тоа е јасен знак дека кучето е вознемирено.

Кучињата сакаат предизвици

Сите добро знаеме дека кучињата обожаваат кога им давате закуски, но тие уште повеќе сакаат ако им ги скриете некаде во куќата, за тие да самите да ги најдат. Кучињата сакаат да се помачат за своите залаци па трагањето по нив може да им предизвика вистинско уживање. Исто така, тие сакаат да истражуваат нови места и да запознаваат нови пријатели.

И постарите кучиња сакаат да се забавуваат

Иако понекогаш им треба повеќе мир и сон, тоа не значи дека им треба и помалку шетање. Можеби шетањето ќе биде помирно и подолго, но никако не смеете да им го намалите. Исто така, дури и во староста, тие сепак сакаат да си играат со играчките како малите кутриња, па дури и ако се побавни, бидете трпеливи и направете им мерак.

Играње низ двор не е исто како и шетање

Кучето кое е само во дворот не е среќно куче. Токму затоа и немојте да го оставате на отворено мислејќи дека така ќе го направите позадоволно. Дворот не може да го замени шетањето, бидејќи тоа веќе многу добро го познава и го смета за свој дом. Шетањето е сè што вклучува излегување надвор од портите.

Дознајте и како да му покажете на вашето куче дека го сакате според неговиот љубовен јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар