Сестрите Кардашијан советуваат: 5 златни правила за поставување вештачките трепки

Сестрите Кардашијан советуваат: 5 златни правила за поставување вештачките трепки

Сестрите Кардашијан се познати по својот совршен изглед, а нивните секојдневни селфи фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи дополнително го потврдуваат тоа. Она што често го забележуваме е дека тие постојано носат вештачки трепки, па затоа и неодамна ги открија своите правила за нанесување на овој додаток за убавина.

1-sestrite-kardashijan-sovetuvaat-5-zlatni-pravila-za-stavanje-na-veshtachkite-trepki-www.kafepazua.mk_

1. Најважно е лепилото

Не мора да потрошите многу пари на вештачки трепки, но од голема важност е да пронајдете добро лепило кое цврсто ќе ги држи вашите трепки, но и кое ќе ви овозможи едноставно вадење на истите.

2. „Раширете“ ги!

Пред да ги залепете вештачките трепки, задолжително „растегнете“ ги. Односно, фатете ги за двата краја и минимално развлечете ги, за тие да бидат поеластични и подобро да се вклопат покрај вашите природни трепки.

3. Скратете ги

Вештачките трепки никако не смеат да бидат поголеми од вашите очи. Проверете дали ви прилегаат, а доколку се прешироки, со помош на ножички скратете ги нивните надворешни краеви.

2-sestrite-kardashijan-sovetuvaat-5-zlatni-pravila-za-stavanje-na-veshtachkite-trepki-www.kafepazua.mk_

4. Клучот е во чекањето

Најчестата грешка која се прави кога се ставаат вештачките трепки е нивното нанесување на капаците веднаш по ставањето лепило. Треба да почекате од 10 до 15 секунди за лепилото да стане погусто и посуво.

5. Не откажувајте се од маскарата

Шминкерите често советуваат дека вештачките трепки треба да се стават без претходно нанесување маскара, но тие сепак подобро прилегаат доколку на природните трепки имате нанесено малку од овој мејкап производ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар