Секс кој би требало да го избегнувате

Секс кој би требало да го избегнувате

Секој од нас имал моменти кога после сексуалниот чин, наместо среќа и задоволство почувствувал разочарување и потиштеност. За да не ви се случува тоа, прочитајте ги трите основни правила за секс кој треба да го избегнувате.

seks-koj-bi-trebalo-da-go-izbegnuvate-kafepauza.mk

1. Секс на сила

Ако имате секс само за да ги задоволите потребите на својот партнер или да ги исполните брачните должности, тоа е потполно погрешно и е причината поради која нема да уживате. Слободно кажете дека немате желба и не очајувајте поради тоа. Ќе дојде момент кога и вие ќе бидете спремни за акција. Од друга страна, секс на брзина е идеален во моменти на страст, но никако под присилба.

2. Секс во момент кога сакате да правите нешто друго

Обидете се да го избегнувате сексот при кој не сте сконцентрирани на уживањето, туку мислите ви се одлетани на друго место. Ако ве мачат грижи или едноставно имате други работи за кои размислувате, не почнувајте со сексуален чин. Бидејќи вашите чувства и мозок не се на иста бранова должина, уживањето ќе изостане.

3. Секс со погрешна личност

Ако не сте во врска а барате авантура, не земајте го сексот „здраво за готово“. Кога ќе се најдете во таква ситуација размислете дали таа „жешка“ ноќ утредента ќе сакате да ја избришете од вашето сеќавање или да ја задржите. Овој секс е најчесто под дејство на алкохол. Ако сте заинтересирани за ноќна авантура со непознат, секс со добар пријател во момент на слабост или дури и со шефот, добро размислите дали би ви се исплатило тоа што би го направиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар