Сè што може да направите до петок за ова да ви биде најдобрата недела од оваа година
Се наближува крајот на оваа година и полека ги одбројуваме последните денови. Ве фаќа празнична еуфорија, но заглавени сте на работа или имате за учење и се плашите дека ќе ве одмине новогодишната радост? Не грижете се, еуфоријата е тука. Еве што сè може да направите за да си ја разубавите оваа недела.
Смејте се хистерично
Смеата го продолжува животот и тоа е точно! Смејте се хистерично и заразете ги и другите со вашата смеа. Може тоа да биде поради шегата која сте ја чуле или урнебесната епизода од вашата омилена комедија. Едноставно ослободете се и изнасмејте се.
Темелно исчистете нешто
Тој куп облека или сметките и листовите на подот. Земете и исчистете нешто што одамна го одложувате, па уживајте во вашето дело.
Јавете им се на пријателите
Не им пишувајте, не праќајте пораки, туку ѕвонете им и слушнете се. Кажете што ви лежи на душата, како се чувствувате, што има ново, израдувајте се, насмејте се, споделете.
Прочитајте нешто што навистина го сакате
Може тоа да биде вашата омилена поема или вашата омилена книга кога сте биле деца. Завиткајте се во ќебе и прочитајте нешто за свое задоволство.
Танцувајте како да ќе нема утре
Танцувајте како луди, движете се, скокајте, замислувајте се дека сте на голема музичка сцена. Танцувајте како никој да не ве гледа и ослободете се од негативната енергија.
Зближете се со членовите на вашето семејство
Јавете им се на родините со кои одамна не сте се чуле. Направете им кафе наутро на вашите родители или изненадете ги со домашно подготвено јадење. Оваа недела посветете си ја на себе и на вашите најблиски.
Излакирајте се во омилената боја
Запрете за миг и налакирајте ги вашите нокти во омилената боја.
Поспијте подолго
Дали е одговорно однесување излежувањето во кревет? Не. Но, направете го тоа следното утро.
Купете си нешто за ваше задоволство
Напорно работевте, олеснете си го паричникот за ваше сопствено задоволство.
Направете си го омилениот оброк
Згответе си нешто што ви е по ќеф, не мислете на калориите.
Побарајте ги старите пријатели
Знаете, другарот од средно со кој кога и да се видите само спомнувате одење на кафе но никако да се договорите. Јавете му се и договорете средба.
Направете добро дело за некој кој не го познавате
Направете му добрина на оној кој прв пат го гледате. Колку и да звучи како клише.
Прегрнувајте ги луѓето најсилно што можете
Затрчајте се кон вашата мајка и прегрнете ја долго и силно без апсолутно никаква причина.
Едноставно не правете ништо
Кога последен пат ги кренавте нозете во вис, слушавте музика и уживавте без да правите нешто посебно, без да брзате, без да мислите на обврските и роковите?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.