Само за најхрабрите: неколку идеи за интернет нокти

Само за најхрабрите: Неколку идеи за интернет нокти

Со оглед на тоа дека се приближува новогодишната вечер и празниците, слободно можеме да си дозволиме одредена доза храброст кога е во прашање нашиот изглед, од кој, секако, битен дел се и ноктите. Денес ви откривме неколку занимливи идеи за уметност на вашите нокти. Дали ви изгледа примамливо спојот на ноктите и интернетот? За ова сигурно не сте слушнале!

00-samo-za-najhrabrite-nekolku-idei-za-internet-nokti-kafepauza.mk copy

Погледнете како да го направите тоа.

1. Снепчет линии

Цртањето линии на толку мала површина не е воопшто едноставно. Неопходна ви е тенка четка за цртање на ноктите. За да спречите да ви се помешаат боите, почнете од краевите и продолжете кон внатрешноста.

2. Смајли на вашите нокти

За да постигнете совршен круг за вашето смајли, користите коса четка за француски маникир. За лицето на смајли фаците користете тенка четка или пак шаблони за нокти.

3. Ефект на светлоста од екранот

Доколку сакате вашите нокти да сјаат како светлото од екранот, користете фолија за нокти. Исечете ја на парчиња и залепете ја на вашите нокти.

4. Батерија од телефон

Кога ќе го правите ова, осигурете се дека добро сте ги подготвиле плочите на ноктите за да изгледаат беспрекорно. Така вашите нокти ќе изгледаат уредно, со оглед на тоа дека ваквиот маникир ги открива сите маани на нив. Доколку не можете добро да ги средите, препорачливо е пред цртањето да ги налакирате со лак во месо боја, којшто ќе има за цел да ги маскира сите маани на вашите нокти.

5. Хаштаг „hot“

Фотографиите на Инстаграм не се целосни без добар хаштаг. За овој изглед на ноктите препорачуваме златен металик лак, а за натписот можете да користите црн. За пишувањето послужете се со тенка четка за нокти.

6. WiFi француски маникир

Францускиот маникир е класичен изглед на ноктите којшто сигурно сте го носеле многу пати. Меѓутоа, доколку сакате да го задржите класичниот изглед, а сепак да пробате нешто ново – ова е вистинската работа за вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар