Само за девојки: Како да ги одбиете момците на љубезен начин?

Само за девојки: Како да ги одбиете момците на љубезен начин?

Сите девојки кои се во потрага по љубов понекогаш добиваат и непожелно машко внимание. Без разлика дали сте активни на социјалните мрежи или постојано излегувате со вашите сингл пријателки, неизбежно е да ви се приближи некој кој не ве интересира. Иако би било прекрасно кога би налетувале само на квалитетни момци, комуникацијата со здодевните мажи кои ве нервираат е дел од целата потрага. Вистина е дека постојат нападни, некултурни и напорни мажи, но за жал, не можете целосно да ги одбегнете.

Само за девојки: Како да ги одбиете момците на љубезен начин?

Природно е тоа што сакате веднаш да ги избркате. Но, кога сте во јавност, другите мажи секогаш набљудуваат како се однесувате со првите јунаци кои ќе ви се приближат. А и сигурно сакате да оставите впечаток на љубезна и достоинствена дама. Многу жени се вознемируваат кога „погрешните“ мажи ќе започнат разговор со нив. Некои се лутат и стануваат агресивни. Меѓутоа, самоуверените жени не се нервираат поради повремените женкари кои се осмелуваат да им пристапат. Наместо тоа, знаат како да ги одбијат на културен начин. Тие знаат како достоинствено да се справат со непријатната ситуација.

Зошто да дозволите некој некултурен и нападен маж да ви го уништи денот? Кога пренесувате негативна енергија како реакција на овие мажи, си ги уништувате шансите за наоѓање љубов. Наместо да се нервирате, останете смирени и позитивни со тоа што ќе научите како да ги одбивате момците на љубезен начин. Прочитајте ги следниве предлози кои ќе ви помогнат да им кажете „Не“ на непожелните прашања…

1. „Сакаш да танцуваме?“

Како да одговорите:

  • „Се одмарам моментално. Можеби друг пат.“
  • „Претпочитам да танцувам на песни со побрз ритам.“
  • „Ти благодарам, но овие чевли не се баш за танцување.“

2. „Може да ми дадеш број?“

Како да одговорите:

  • „Мојот број е приватна работа. Може да ти дадам имејл?“
  • „Подобро да ме побараш преку имејл.“
  • „Нема потреба, мислам дека веќе го имам твојот број.“
  • „Може јас да ти се јавам?“

3. „Може да те вратам дома вечерва?“

Како да одговорите:

  • „Баш си љубезен, ќе ти кажам подоцна.“
  • „Колку убаво од твоја страна. Ќе размислам.“

Само за девојки: Како да ги одбиете момците на љубезен начин?

4. „Зошто си сѐ уште сингл?“

Како да одговорите:

  • „Тоа е моја мала тајна. Зошто ти си сѐ уште сингл?“
  • „Баш си љубопитен!“
  • „Мистерија, нели? И јас пробувам да сфатам.“
  • „Колку убаво од твоја страна што праша. Дали се олку љубопитен за сите жени со коишто разговараш?“

5. „Зошто си се развела?“

Како да одговорите:

  • „Ќе ти го кажам тоа подоцна. Ајде да зборуваме за нешто повесело.“
  • „Ајде да разговараме за тебе. Ти си многу поинтересен.“
  • „Ајде да зборуваме за твојот омилен филм наместо за тоа.“

6. „Сакаш да излеземе некогаш?“

Како да одговорите:

  • „Интересен предлог. Ќе размислам.“
  • „Може ли да ти кажам подоцна?“

7. „Колку години имаш?“

Како да одговорите:

  • „Џентлмените никогаш не прашуваат, а дамите никогаш не одговараат.“
  • „Доволно сум возрасна за да знам дека заслужувам подобро.“
  • „На вистинската возраст сум за да можам да правам што сакам.“
  • „Јас сум во најубавите години.“

Одберете ги вашите омилени одговори и искористете ги нареден пат кога ќе ви се „закачи“ некој кој не ве интересира. Тој ќе ја добие пораката што сакате да му ја испратите и нема да ве заморува повеќе.

Ова беа културните начини да им кажете „Не“ на додворувачите, но доколку не ви се допаднаа, можеби ќе се пронајдете во следниве 12 урнебесни начини да ги одбиете момците кои не сакате да ви се додворуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар