Само трпеливо: 5 природни рецепти против кандида

Само трпеливо: 5 природни рецепти против кандида

За лечење на кандида неопходно е да имате трпение и упорност, бидејќи може да се случи и покрај соодветниот третман, оваа здодевна габа набрзо повторно да се врати.

samo-trpelivo-5-prirodni-recepti-protiv-kandida-kafepauza.mk

Кандидата живее во човечкото тело, а проблемот настанува кога ќе почне прекумерно да се размножува. Оваа габа сака топли и влажни места, па затоа најчесто ја има во устата, цревата, желудникот и вагиналниот канал. На нејзиниот развој можат да влијаат многу нешта, од дијабетес, стрес и пад на имунитетот, до долготрајно користење на антибиотици и лоша исхрана.

За среќа, за успешно лечење на кандидата, постојат неколку природни проверени лекови.

1. Прилагодување на исхраната

За да се излечите долгорочно, најпрво треба да направите промени во начинот на исхрана, бидејќи многу намирници го поттикнуваат нејзиниот развој. Исфрлете ги шеќерот, квасецот, белото брашно, кофеинот, печурките, сушеното овошје, сирењата, кикириките и особено алкохолот, а намалете ја и количината на млеко и овошје. Вклучете ги: лукот, киселото млеко, маслиновото масло, куркумата и сода бикарбоната.

2. Вагиналети и измивање

Излупете едно чешне лук, и со помош на игла од едниот крај протнете конец и извлечете го од другиот. Пред да си легнете пикнете ја направената вагиналета со тоа што ќе го оставите конецот да виси како тампон. Наутро извадете го. Ставете лажичка сода бикарбона во чаша превриена вода. Кога ќе се излади, со овој раствор измијте се. Правете го ова седум дена, а потоа направете пауза.

3. Мешавина од чаеви

Направете мешавина од по 50 г пелин и оревов лист и по 100 грама бршлен и жалфија. Три лажици од оваа мешавина прелијте ги со 0,5 литри вода, промешајте и оставете да седи поклопена еден час. Пијте два пати на ден, незасладено.

4. Кантарион

Чајот од кантарион е ефикасно средство против кандида. Лажичка кантарион прелијте со 2 дл зовриена вода и варете 15 минути. По четвртина шолја млак чај пијте по 3 пати на ден.

5. Здрав коктел

Направете здрав коктел од чаша јогурт, 2 чешниња лук, еден морков и по половина лажичка ѓумбир цимет. Изрендајте ги тврдите состојки и прелијте ги со јогуртот. Оставете го коктелот малку да отстои. Можете да го користите како салата еднаш на ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. M☺A Reply

    Jas sum devojce od 12 godini
    Jas imam problemi so mokracata uste kako mala
    sega mi se pojavi istata bolka
    nauciliste imase sistemacki pregled i ne natera da proverime krv i mokraca
    proveriv i mi rekoa deka mokracata ne mi e vo red
    mi prepisa maticniot doktor kapsuli NIFURAN koj gi piev
    no ne mi pomogna voopsto
    Potoa povtorno se pregledav no mokracate ne mi bese povtorno vo red
    se snimav i mi rekoja deka mi e vospalena besikata
    toj provlem se srede so cajevi i so b compleks i bactrim
    No pak gi custcuvam istite bolki koi gi imam 2 meseci

Остави коментар