Сам свој газда: 9 одлични причини да започнете сопствен бизнис

Сам свој газда: 9 одлични причини да започнете сопствен бизнис

Можеби веќе сте задоволни со вашето моментално работно место, меѓутоа сите ние би сакале еден ден да започнеме наш сопствен бизнис. Чувството дека не зависиме од никого и дека самите го избираме работното време е нешто поради кое би вредело да се обидеме и конечно да станеме самите свои газди. Но, сепак постојат уште неколку одлични причини и време е да дознаете за нив.

2-sam-svoj-gazda-9-odlichni-prichini-za-da-zapochnete-sopstven-biznis-www.kafepauza.mk_

1. Сами го избирате работното време

Ние најдобро се познаваме себеси, односно можноста за избирање на работното време и како тоа може да влијае врз подобрување на нашата продуктивност. Доколку сте ноќна птица, конечно ќе можете да се прилагодите на вашите навики. А најдоброто од сè е тоа што никој не може да ви замери. ВИЕ СТЕ ШЕФ! Можете да направите пауза колку што ќе посакате, да одите на тренинг, на докторски преглед и сето ова без ничие одобрување.

2. Сами го креирате вашето работно опкружување

Најверојатно не ви се допаѓало однесувањето на вашите претпоставени, но сега кога сте вие главни, имате можност да промените сè! Допуштете им го на вашите вработени она што вие сте сакале да ви биде достапно во текот на претходното работно искуство. Нека главното и едноставно правило биде: Нема проблем, сè додека работата се завршува навремено.

3. Ги извршувате работите од дестинација што ви одговара

Можеби денеска не ви се станува од креветот, па тогаш зошто не би ја завршиле работата токму од него? Кога водите свој бизнис, работата можете да ја извршувате во омиленото кафуле, на плажа или пак, во градскиот превоз.

Startup Stock Photos

4. Чувствувате константно задоволство

Кога веќе сме осудени да работиме целиот живот, најдоброто нешто што можеме да си го овозможиме е да се занимаваме со она што не исполнува и со она во што сме најдобри.

5. Сами ги избирате колегите

Го знаете она чувство кога се занимавате со работата од вашите соништа, но не можете да ги поднесете вашите колеги? За жал, колегите се како и семејството, не можете да ги избирате, освен ако не сте шеф! Оваа позиција ви дава можност да изберете кому ќе му ги доверите сите тајни од вашиот занает и потполната доверба.

6. Сами ја одредувате вашата плата

Никој повеќе нема да биде во можност да ви ја намали вашата плата или со месеци да ви го одложува покачувањето. На вас е да одлучите колку ќе се трудите, а со самото тоа и колкава ќе биде заработката од вашата работа.

3-sam-svoj-gazda-9-odlichni-prichini-za-da-zapochnete-sopstven-biznis-www.kafepauza.mk_

7. Не давате сметка никому!

Се сеќавате на она чувство кога морате да се правдате поради незавршената работа, доцнењето, ситните грешки? Време е сето ова да стане ваше далечно минато! Кога сте сопствен шеф не морате да смислувате причини поради кои сте направиле нешто, бидејќи единствената личност на која треба да ѝ давате сметка сте вие.

8. Не можете да добиете отказ

Отказ? Колку смешен збор! Предноста на започнување сопствен бизнис е тоа што отказот го губи значењето во вашиот речник.

9. Градите самодоверба

Кога конечно ќе изградите ваш бренд и ќе добиете прилика да уживате во сопствениот успех, никој повеќе нема да може да ви застане на патот. Чувството дека го имате главниот збор и дека сте одговорни за проектите кои ги водите и тоа како влијаат на растот на самодовербата.

4-sam-svoj-gazda-9-odlichni-prichini-za-da-zapochnete-sopstven-biznis-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар