Салата од спанаќ и мускатна тиква

Салата од спанаќ и мускатна тиква

Печената мускатна тиква, маринираниот лук и младиот спанаќ се одлична комбинација за салата

Салата од спанаќ и мускатна тиква

Потребни состојки:

  • 1 исчистена и исечкана мускатна тиква
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лук, тенко исечен на парчиња
  • Сок од 2 лимети
  • 80 милилитри полномасно кокосово млеко
  • 2 лажици рибен сос
  • 1 лажица шеќер
  • 200 грама млад спанаќ

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • На исечената тиква ставете масло, зачинете по желба и печете 30 до 40 минути.
  • Додека тиквата се лади, измешајте сок од 1 лимета и лук.
  • За сосот измешајте го преостанатиот сок од лимета, кокосовото млеко, рибниот сос и шеќерот.
  • Пред послужување измешајте ги печената тиква, спанаќот и лукот и прелијте со сос.

Пробајте ги и овие ладни салати со тестенини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар