Сакате фустани, а истовремено и патики? Еве како да ги носите заедно!

Сакате фустани, а истовремено и патики? Еве како да ги носите заедно!

Патиките може да се носат со капут, сако или пак со друга гардероба којашто се смета како сериозна. Но, покрај тоа, ова лето носете ги и со фустан. Можете да ги носите не само со долгите фустани во бохо стил, туку и со атрактивни чипкасти фустани, фустани во А-крој во стилот на педесеттите години или пак романтични фустани. Ако пак патиките се повпечатливи, фустанот треба да биде поедноставен и обратно. Па, во продолжение погледнете неколку предлози коишто може да ги испробате ова лето.

1. Светкавите шарени патики носете ги со еднобојни фустани

Патиките од светкав материјал се доста погодни за да ги комбинирате со фустан. Фустанот со слична боја е веќе проверена комбинација, додека пак, фустанот со контрастна боја е повеќе прилагодлив за храбрите девојки.

2. Спојте го спротивното, спортското и женственото

Памучниот фустан со рамен крој спаѓа во омилените женски летни парчиња облека. Иако почесто се комбинира со балетанки и сандали, воопшто не е чудно да се комбинира и со патики. Ако паметно ги комбинирате боите, истовремено ќе делувате и модерно и женствено.

3. Омбрето е присутно и кај патиките

Вешто спојте ги различните стилови и креирајте сопствен и единствен стил. Ако не сте сосема сигурни, ограничете се на неколку слични бои. Кога ќе ги комбинирате различните стилови, можете да ги поврзете со боите и обратно, ако комбинирате повеќе бои во иста комбинација, држете се до еден стил.

4. Оваа сезона носете металик

Металик материјалите се издвојуваат како еден од главните трендови оваа сезона, а се забележуваат кај сите модели. Прекрасен избор се сребрените патики. Нив можете да ги носите секојдневно, со сè, затоа што ќе ви ја освежат секоја комбинација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар