Сакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак!

Сакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак!

Денес ви споделуваме рецепт за пијалак кој не само што помага при слабеење туку е и полн со антиоксиданси. Започнувајте го секое утро со овој напиток и ќе увидите како се менува вашето тело!

Сакате да ја зачувате витката линија? Пробајте го овој пијалак!

Потребни состојки:

  • 1 лажичка чиа семе
  • 300 милилитри вода
  • 1 лажица мед
  • 1 лимон

Начин на подготовка:

Ставете го чиа семето во 100 милилитри вода и оставете го да отстои еден час. Додадете сок од лимон и убаво измешајте. Додадете ги медот и преостанатата вода.

Совет: Пијте го овој хранлив напиток секое утро пред појадок.

Како овој напиток влијае врз организмот?

Чиа семето содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, содржи повеќе антиоксиданси од боровинките, има 3 пати повеќе железо од спанаќот, содржи многу повеќе растителни влакна од овесната каша и содржи голема количина на протеини.

Кои се здравствените придобивки од овој пијалак?

1. Предизвикува ситост и помага во регулирање на апетитот

2. Го храни телото со витамини и минерали

3. Го подобрува варењето

4. Помага во борбата против вишокот килограми

Лимонот и чиа семето се антиоксиданси кои ќе ви помогнат да го исчистите телото од токсините и маснотиите.

Oткако го прочитавте нашиот рецепт за пијалак за долговечност и витка линија, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за освежителен пијалак од лубеница.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар