Сакате да изгледате попривлечно? Сè зависи од позицијата на вашиот патец!
Веруваме дека веќе имате фризура на која сте навикнати и мислите дека таа најдобро ви одговара. Но, прочитајте ги советите од експертите и откријте дали сте во право или некои работи сепак можете да ги подобрите.
1. Ако имате овално лице
Сметајте се за среќница, бидејќи на жените со ваков облик на лице им прилега скоро секој патец. Сепак експертите го препорачуваат тој на средината. Ако сакате да го издолжите лицето, скратете ги шишки до должина на јаболкниците.
2. Ако имате издолжено лице
За жените со ваков облик на лице им се препорачува патец на страна, но и колку е можно побујна фризура.
3. Ако имате округло лице
Патецот на средина ќе ви даде илузија на должина и симетрија, па со него ќе отстраните неколку килограми од лицето. Освен тоа, фризерите препорачуваат жените со ваков облик на лице почесто да носат рамна коса, бидејќи локните оставаат впечаток на широко лице.
4. Ако имате срцевидно лице
Ако имате долга коса, избирајте патец на средината. Доколку имате кратка коса, тогаш носете го настрана за визуелно да не го проширите лицето.