Рускиот психолог Лабковски: Еве како да проверите дали имате здрав брак и кој од вас е невротичен!
Познатиот психолог Михаил Лабковски смета дека пред да изградите силна врска со некого, стапете во брак, засновајте семејство, но претходно мора да научите да живеете и сами со себе.
Докторот ги споделува своите искуства стекнати во 30-годишна пракса.
Како да се преживее болката по раскинување?
Тој вели дека бил пушач 30 години и тоа пред откажувањето од зависноста, пушел и по 3 кутии на ден, неможејќи да престане. Не се плашел од карцином, затоа што сметал дека секому некогаш ќе му дојде редот.
Но тогаш стекнал болест наречена енфизем, која непрестајно го задушувала, без разлика дали земал лекови или не.
Таа состојба многу го исплашила, па престанал да пуши.
И кога го направил тоа, едноставно се уверил дека не сака да пиши. За еден месец се ослободил од зависноста.
Иста е ситуацијата и со љубовните врски, според него. За да се откажат од некого повредените треба да се уверат себеси дека не ја сакаат личноста која ги напуштила. На таа љубов треба да се гледа како на зависност од која треба да се ослободите.
Многу е важно невротичарот да има партнер, да има со кого и од кого да страда. И кога партнерот ќе го остави, невротикот е оставен сам со своите монолози и дијалози во главата.
Здравите луѓе ги сакаат само оние што и нив ги сакаат. Ако некој не ги сака, тие веќе не се заинтересирани за таа личност.
Како да утврдите дали сте во невротична врска и кој партнер е невротичен?
Ако врската не е соодветна за вас, тогаш вашата врска е нездрава. Психологот вели дека е против секое „но“ во врската или бракот. Кога сакате некого, тој сигурно не е совршен, може да биде и тотално необичен, но го сакате. Важно е да ви се допаѓа сè поврзано со некоја личност и дека сте во ред со тоа.
Според него, подобро е кога сте болни и помирени со тоа, отколку кога сте здрави, а ништо не ви е погодено.
Штом нешто тргне наопаку, мора да страдате, а тоа е стрес. Тоа е нездрава врска. Ако ѝ кажете на некоја личност дека не ви се допаѓа нешто и таа ништо не менува, не го кажувајте истото повторно. Невозможно е да се предвиди невротичноста, но ако партнерот е невротичен, главното нешто е дека вашите неврози се совпаѓаат.
Подобро е двајцата да сте среќни отколку што сте здрави, а несреќни во врската.
Можеби сакате да прочитате и за 5-те вообичаени правила во бракот кои често и лесно се прекршуваат.