Ручек од 5 состојки: Едноставен трик за совршен лосос

Ручек од 5 состојки: Едноставен трик за совршен лосос

Ако немате многу време, а сакате да направите вкусен и здрав ручек со многу малку состојки, тогаш Џејми Оливер има решение. Кога ќе го ставите лососот на ладна тава и го ставите да се пече на средна топлина, ќе стане многу крцкав и вкусен.

Ручек од 5 состојки: Едноставен трик за совршен лосос

Потребни состојки:

  • 2 х 150 г филети лосос (со кожата)
  • 300 г чери домати
  • грст босилек
  • 8 маслинки
  • 30 г зачинет колбас
  • дополнително: сол, бибер, маслиново масло и оцет.

Начин на подготовка:

  1. Поставете го лососот на ладна тава од страната без кожа. Три минути откако рибата ќе биде малку кафеава, свртете ја на страната со кожата и печете ја околу 5 минути или додека не е крцкава.
  2. Додека рибата се пече, исечкајте ги доматите и маслинките и додајте сол, бибер, оцет и малку маслиново масло.
  3. Насечкајте го колбасот на кругчиња и ставете го во тавата со лососот две минути пред крајот од печењето. Потоа додадете ги и доматите за 30 секунди.
  4. Украсете со босилек или по избор.

Погледнете го и овој рецепт за домашен хумус кој ќе го обожавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар