Рецепт за тиквички со пармезан

Рецепт за тиквички со пармезан

Тиквичките се еден од најчестите додатоци во многу јадења, а можете да ги послужите како прилог за месо или риба или да направите главно јадење со нив. Денес ви предлагаме брз рецепт за тиквички со пармезан.

Рецепт за тиквички со пармезан

Потребни состојки:

  • 2 тиквички
  • 30 грама рендан пармезан
  • 30 милилитри свежо исцеден сок од лимон
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 лажица путер
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

1. Измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги на тенки парчиња.

2. Исчистете го лукот и исечете го на помали парчиња.

3. Во тавче растопете го путерот и врз него издинстајте ги лукот и тиквичките. Пржете сè заедно и мешајте додека зеленчукот не добие златно кафеава боја.

4. Додадете сол и бибер по желба.

5. Врз тиквичките додадете рендан пармезан и сок од лимон.

6. Послужете ги додека се топли. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт можеби ќе сакате да го прочитате и овој италијански рецепт со модар патлиџан и тиквички.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар