Рецепт за шведски ќофтиња во кремаст сос
Пробајте го овој рецепт за малку поинакви ќофтиња.
Потребни состојки:
- 500 гр мелено месо
- 1 мал кромид
- 2 чешниња лук
- сол и бибер
- половина лажичка морско оревче
- 1 јајце
- малку лебни трошки
За сосот:
- масло или путер
- 2 лажици брашно
- 300-500 мл говедска супа
- 200 мл павлака за готвење
- 1 лажичка сенф
- 1 лажица ворчестер сос
Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот, изгмечете го лукот и додајте го месото. Додајте ги јајцето, морското оревче, сол и бибер, малку лебни трошки и замесете сè заедно.
Направете ќофтиња со влажни раце и печете на средна температура. Пропржете го брашното во мрснотијата што ќе остане од ќофтињата. Потоа ставете ги супата и павлаката, а крајот додајте ги сенфот и ворчестер сосот.
Прилагодете ја густината со додавање супа, во зависност од тоа дали сакате сосот да биде поредок или погуст. Кога сосот ќе биде готов, додајте ги ќофтиња и гответе уште 5 минути.
Погледнете го најбрзиот рецепт за сочен колач со чоколадо и путер од кикиритки.