Рецепт за шницли во кремаст сос од пиво
Направете вкусен и сочен ручек за целото семејство.
Потребни состојки:
- 1 кг шницли
- сол и бибер
- 1 голем кромид
- 1 полна лажица брашно
- 250-500 мл пиво
- околу 250 мл вода
- листови магдонос
- малку лук во гранули
Начин на подготовка:
Исплескајте ги шницлите со дрвено чеканче, а потоа додајте сол и бибер. Загрејте малку масло во тава, потоа испржете ги шницлите додека не поруменат од двете страни. Ставете ги во огноотпорен сад.
Ситно исечкајте го кромидот и додајте го во тавата каде што се пржеше месото. Пржете неколку минути на средна температура, потоа додајте чаша вода и продолжете да готвите. Кога ќе испари водата, пржете го кромидот уште малку, додека не пожолти. Потоа додајте брашно, измешајте и додајте ги пивото и водата или само пиво. Промешајте и прелијте го месото.
Ставете го да се печи во рерна на температура од 200 Целзиусови степени. По еден час, само поместете го месото малку со виљушка, протресете го и оставете го да се пече уште малку одозгора.
Погледнете како да подготвите бургери со тиквички и пилешко.