Рецепт за салата со компири, сенф и поточарка

Рецепт за салата со компири, сенф и поточарка

Поточарката е растение што го прочистува целиот организам и содржи поголемо количество железо од спанаќот и повеќе витамин Ц од лимоните и портокалите.

Рецепт за салата со компири, сенф и поточарка

Потребни состојки (за 4 лица):

  • 1,5 кг млади компири
  • 2 сечкани краставици
  • 60 мл сок од лимон
  • 4 лажици сенф
  • 70 гр поточарка (може да ја замените со рукола)
  • 2 лажици сечкани свежи зачини
  • 2 лажици сечкан млад лук
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

Измијте ги компирите, излупете ги и ставете ги во тенџере да се сварат. Кога ќе зовријат, додајте сол и намалете ја температурата. Оставете ги да се варат околу 20 минути.

Исплакнете ги и оставете ги настрана да се изладат.

Во сад измешајте ги исечканите краставици со сокот од лимон и оставете ги да се маринираат. По 15 минути, извадете ги краставиците и измешајте ги со компирите.

Додајте го сенфот во сокот од лимон што остана од краставиците и промешајте.

Во садот со компирите додајде ги лукот, зачините и поточарката и прелијте со смесата од сок од лимон и сенф и добро измешајте.

Додајте маслиново масло по вкус.

Погледнете како да ја направите оваа лесна салата со краставица и авокадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар