Рецепт за пита од јаболка: Идеален за сите почетници
Денес ви споделуваме традиционален полски рецепт за пита со јаболка кој е идеален избор за сите почетници во кујната.
Потребни состојки:
За фил:
- половина лимон
- 6 големи јаболка
- 4 супени лажици кафеав шеќер
- 1 лажица мелен цимет
За тесто:
- 450 грама обично брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 200 грама путер
- 225 грама кафеав шеќер
- 3 жолчки и 1 цело јајце
- 1 лажица јогурт
- изрендана кора од лимон
- 1 лажичка екстракт од ванила
За декорирање:
- шеќер во прав за посипување
- 300 милилитри шлаг
- 1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Обложете го садот за печење со хартија за печење.
2. За филот излупете половина од лимонот и оставете го настрана за тестото. Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки парчиња, а потоа исцедете сок од половина лимон врз нив. Префрлете ги парчињата јаболка во поголемо тенџере, додадете шеќер, 200 милилитри вода и цимет. Гответе пет минути, потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади.
3. Измешајте брашно и прашок за пециво, додадете путер и мешајте додека смесата не стане пенеста. Додадете шеќер, жолчки и јајце, јогурт, кора од лимон и екстракт од ванила и мешајте додека не добиете тесто. Распоредете го на набрашнета површина и обликувајте го во облик на топка.
4. Поделете го тестото на половина, завиткајте ја едната половина во проѕирна фолија и оставете ја да отстои еден час во фрижидер. Развлечете ја врз садот за печење другата половина од тестото. Избоцкајте го со виљушка тестото и печете во рерна околу 15 минути, додека не порумени.
5. Врз тестото ставете го филот од јаболка со околу половина од течноста за готвење.
6. Извадете го тестото од замрзнувач и изрендајте го со ренде. Посипете го ренданото тесто врз јаболката и печете 40-45 минути додека не порумени.
7. Оставете целосно да се излади и посипете со шеќер во прав.
8. Изматете го шлагот додека не се згусне, измешајте го со цимет и послужете го со колачот. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за мек и сочен колач со јаболка и чоколадо.
Извор: punkufer.dnevnik.hr