Рецепт за највкусната пита со круши

Рецепт за највкусната пита со круши

Десертот со круши е совршен за рана есен, која полека зема замав, а нема да останете рамнодушни на рецептот за вкусна пита со ова слатко овошје.

Рецепт за највкусната пита со круши

Со вкусната пита со круши не можете да погрешите, бидејќи, освен што е соодветна слатка закуска, питата е и лесна за подготовка.

Потребни состојки:

За кора:

  • 300 грама брашно
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 1 прстофат сол
  • ½ лажичка мелен цимет
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • ¼ лажичка мелено каранфилче
  • 2 јајца
  • 80 грама шеќер
  • 150 грама путер на собна температура
  • 200 милилитри млеко
  • 2 круши, излупени и исечени на парчиња

За круши:

  • 800 милилитри вода
  • 170 грама обичен шеќер
  • 40 грама кафеав шеќер
  • 2 стапчиња цимет
  • кардамон
  • анасон
  • 1 кора од портокал
  • 2 тркалезни парчиња портокал

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Во меѓувреме, посипете путер и брашно на калап со дијаметар од 24 см.

2. Се матат путерот и двата вида шеќер додека не се растопат. Додадете ги сувите состојки, јајцата и млекото. Се меша со лажица, но не со миксер.

3. Додадете ги парчињата круши, измешајте и ставете во рерна 45-50 минути. По печењето се остава кората да се излади. Извадете ја од калапот и оставете ја во метален или херметички затворен сад.

4. Измијте ги и излупете ги крушите без да го извадите семките. Во тенџере измешајте ги сите состојки освен крушите. Оставете да зоврие, намалете ја топлината на средно и додадете ги крушите. Варете додека не омекнат, но не оставајте ги да се распаднат.

5. Извадете ги крушите од сирупот и повторно додајте ги кога ќе се излади. Ако ги оставите крушите во врелиот сируп на температура за готвење, тие ќе продолжат да се варат на преостанатиот оган и ќе бидат премногу меки.

6. Половина час пред да ја послужите питата, намалете го сирупот на средна температура, додека не добиете густа смеса како мед. Питата посипете ја со шеќер во прав, во средината наредете ги парчињата круши и прелијте го сирупот одозгора. На здравје!

Откако го прочитавте овој рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени круши.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар