Рецепт за највкусната пита со домати
Искористете ја сезоната на домати за да приготвите вкусна солена пита. За нејзина подготовка потребни ви се само неколку состојки, а доколку користите готово лиснато тесто ќе биде готова за половина час.
Потребни состојки:
- 250 грама готово лиснато тесто
- 5-10 домати со средна големина
- 1 лажица балсамико оцет
- парче путер
- прстофат шеќер
- свежи листови босилек
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. Развлечете го тестото во сад за печење со дијаметар од 16 до 20 сантиметри и ставете го во фрижидер.
2. Во тава растопете го путерот, додадете ги оцетот и шеќерот и пропржете. По неколку минути додадете ги и парчињата домати и оставете ги да се пржат во сосот.
3. Префрлете ги доматите и сосот врз лиснатото тесто. Ставете го тестото да се пече околу 15 до 20 минути или сè додека не добие златно-жолта боја.
4. Послужете со свежи листови босилек. На здравје!
Совет плус:
Искористете онолку домати колку што ќе ви бидат потребни за да ја покриете површината на тестото. Можете да користите и шери домати.
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени модри патлиџани со сирење и домати.
Извор: punkufer.dnevnik.hr