Рецепт за маст која може да се користи како лек, но и за козметички цели
Маста од невен може да се користи како лек, но и за козметички цели со оглед на тоа дека се карактеризира со антисептички, антибактериски и регенеративни својства.
Оваа маст се користи против осип, секакви кожни иритации и дерматитис. Се користи и за лекување на испуканите брадавици кај доилките, а помага при исекотини, изгореници, убоди од инсекти, габични заболувања. Ефикасна е и за оние кои имаат мрсна кожа на лицето и акни бидејќи го намалува лачењето на себум, ги чисти и стеснува порите.
Постојат различни рецепти за подготовка на маст од невен, а денес ви го предлагаме овој рецепт кој се подготвува навистина брзо и лесно, со само две состојки.
Потребни состојки:
- 10 грама пчелин восок
- 120 милилитри масло од невен
Препорачливо е да купите пчелин восок од пчелари, а масло од невен од билни аптеки или продавници за здрава храна.
Начин на подготовка:
Ставете ги маслото и восокот во тенџере, на тивок оган. Смесата мора постојано да се меша додека восокот целосно не се растопи. Кога смесата ќе стане хомогена и кога ќе се згусне доволно, тргнете го тенџерето настрана. Ако маста е премногу густа, додадете повеќе масло, а ако не е доволно густа, додадете восок. Префрлете ја во стаклена тегла и оставете ја да се излади. Потоа затворете со капак и чувајте ја во фрижидер. Рок на траење е една година.
Откако го прочитавте нашиот рецепт за маст од невен, можеби ќе сакате да го прочитате и овој едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство.
Извор: atma.hr